MK мотоциклисти на меѓународни трки

Победа за Бузалковски во Бугарија

Нашите натпреварувачи во БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам викендов настапија на патеката Долна Митрополија во Плевен, Бугарија, а нај успешен беше Христијан Бузалковски кој дојде до уште една победа во класата SP125.

Следете нè на:

 

Петмина наши натпреварувачи по пеколно жешко време на патеката Плевен викендов си ги одмерија силите во три класи во БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) настапи во класите SP125 и F600, а во класата F1000 имавме 4 претставници: Слободан Ивчески (МК Сакамото)Игор Спиров - Зизи (МК Ендуро Тим - Водно Скопје), Сашо Николов - Тумац (МК Мотори) и Благоја Мартиновски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје).

buzo pobeda pleven2018

Бузалковски извозе одлична трка во класата SP125, едноставно конкуренцијата од 10 мотори не беше ни приближно на нивото на кое беше нашиот натпреварувач. Разликата во силите најдобро се покажа по првите квалификации во кои Бузалковски имаше предност од 5,3 секунди пред вториот. Од почеток до крај на трката тој возеше одлично па иако на момент ја препушти првата позиција воопшто не претставуваше проблем за него да се врати на чело од колоната и во Плевен да дојде до уште една победа во сезоната.

Во класата F600 тој настапи во конкуренција на 15 возачи. Ова беше прва извозена трка за него во оваа класа, иако до сега на календарот изминаа вкупно 5. Тој имаше проблем со машината на првата трка во Серез оваа година, па иако имаше фантастичен резултат на квалификациите остана без пласман. Дефектот на моторот не му дозволи да настапи ниту на втората трка, а од истата причина ги пропушти и двете трки кои се возеа во Романија. За Бузалковски ова беше прва трка во класата F600 и притоа тој финишираше на одличното 9-то место.

buzo pleven 18Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје)

Во класата F1000 во конкуренција на 16 возачи нашите натпреварувачи за жал не успеаа да дојдат до подиумот. Најблиску до тоа беше Слободан Ивчески кој заврши на четвртата позиција, Игор Спиров беше осми, а Благоја Мартиновски 12-ти. Сашо Николов заради проблеми со моторот не ја заврши трката.

Ивчески кој е актуелен шампион во класата F1000 имаше четврто време на квалификациите, за жал не успеа да го подобри резултатот и да дојде до подиумот. По стартот на трката водечката тројка по првиот свиок се одвои од останатите, а Бојко Божинов од Бугарија едноставно беше без конкуренција и дојде до нова победа. Ивчески возеше одлично, успеа да се одвои од „гужвата“ но тоа едноставно не беше доволно за да дојде до третата позиција.

slobodan coboСлободан Ивчески (МК Сакамото)

Сашо Николов, од кого се очекуваше да се вмеша во борбата за пиедесталот стартуваше од петтата позиција но по само 2 круга мораше да се повлече од трката заради проблеми со мотоциклот. Тој на сите сесии беше во првите 6 возачи но со мало заостанување зад водечките па затоа и публиката очекуваше интересна битка за челните позиции помеѓу тројцата возачи од Бугарија (Божинов, Марков и Стаменов) и тројцата од Македонија (Ивчески, Николов и Спиров) кои беа на првите 6 стартни позиции.

saso nikolovСашо Николов (МК Мотори) и претседателот на МФМА Зоран Трајковски

За Игор Спиров кој е актуелен вице-шампион во оваа класа ова беше прва трка во сезоната. Тој имаше солиден настап на квалификациите кога дојде до шестата позиција иако се соочуваше со проблеми со кочницата на неговиот мотор. На самата трка проблемот со кочницата повторно се појави па осмото место кое го освои е за секоја пофалба.

zizi plevenИгор Спиров (МК Ендуро Тим - Водно Скопје)

Благоја Мартиновски за прв пат настапи на патеката во Бугарија, а воедно ова за него беше и прва трка во сезоната. Тој прикажа солиден напредок од сесија во сесија, на квалификациите беше 15-ти, а на трката заврши на 12-та позиција.

baze pleven trkaБлагоја Мартиновски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје)

Следната рунда се вози на 7-ми и 8-ми јули на патеката Серез во Грција, две трки кои ќе се бодуваат и за Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.