Последната рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам започна одлично за Бузалковски и Спиров кои забележаа победи во своите класи.

Тројца Македонци викендов на патеката Серез во Грција се натпреваруваат на последната рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. 11-та и 12-та трка на програмата се денеска и утре. Денешниот ден започна одлично за Бузалковски кој забележа победа во SP125, а Спиров победи во класата F1000.

seres trka21 15

Нашиот единствен претставник во класата SP125 извозе одлична трка на поплавената патека во Серез и дојде до втората победа во сезоната. Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) возеше без грешка, оставајќи ја конкуренцијата далеку зад себе. Падот на Жулиета Ленкова дополнително ја зголеми бодовната разлика, па така сега во генералниот пласман Бузалковски се наоѓа на третата позиција со 211 бодови, зад Милен Георгиев со 219 и водечката Жулиета Ленкова со 224. Заостатокот од само 13 бодови од првата позиција ветува возбудлива трка во текот на утрешниот ден. Нашите возачи се бодуваат и за Бугарскиот национален шампионат, а во него Бузалковски е на првата позиција!

seres trka21 29

Во класата F1000 Игор Спиров - Зизи (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) стартуваше од петтата позиција, а Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) од шестата. Нашите возачи веќе во првиот круг веднаш по стартот избија на првата и втората позиција и ја предводеа колоната. Мократа патека не дозволуваше да се одвојата од групата на возачи но Ивчески успешно предводеше, а Спиров го следеше. На половина од трката Спиров го превзема водството кое го задржа до самиот крај. Ивчески беше веднаш зад него но заради грешка доживеа пад кој го оддалечи од подиумот. Ивчески ја продолжи трката и на крајот финишираше на 10-та позиција и прокнижа 6 бода. Во генералниот пласман тој сеуште е на водечката позиција со 141 поен, пред Петар Дианов (Бугарија) со 120 и Спиров со 118. За Спиров ова беше прва победа во сезоната, со 25-те поени сега тој во генералниот пласман се наоѓа на само 2 бода зад второпласираниот Петар Дианов и се надеваме дека на утрешната трка ќе успее да го помине. Во бодувањето за Бугарскиот шампионат Ивчески е водечки, а Спиров веќе е второпласиран.

seres trka21 30

Back To Top