MK мотоциклисти на меѓународни трки

Подиум за Марин Сугарев на втората трка од источно европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

marin sugarev_plevenИзминатиов викенд во Плевен, Бугарија беше одржан вториот натпревар од Источно Европскиот Шампионат во брзински мотоциклизам, во организација на Бугарската Мотоциклистичка Федерација.

Следете нè на:

 

 

marin sugarev_pleven

Изминатиов викенд во Плевен, Бугарија беше одржан вториот натпревар од Источно Европскиот Шампионат во брзински мотоциклизам, во организација на Бугарската Мотоциклистичка Федерација. На овој натпревар учество земаа повеќе возачи од Македонија, но најзабележителниот резултат го оствари Марин Сугарев во класата до 125 кубни сантиметри, кој втора година по ред настапува во овој Шампионат. По успешната прва сезона, Сугарев се одлучи да обезбеди нов мотоцикл со подобри перформанси, за настапите на трките во класата 125 СП за оваа сезона, па така дебито со новата Априлија РС го имаше на првата трка од Источно Европскиот Шампионат, исто така одржана во Плевен, Бугарија на 20 мај. Уште на првата трка можевме да забележиме дека Марин има потенцијал да обезбедува добри резултати оваа сезона, со оглед на тоа што со новиот мотор на првата трка го обезбеди петото место. Тоа беше голема мотивација за Марин.

marin sugarev_pleven3

Вториот натпреварувачки викенд оваа сезона не започна многу добро за Сугарев, со оглед на падот што го имаше на тренинзите и здобиените полесни повреди, но затоа викендот имаше добар крај. Трката беше одбележана по одличниот старт на Сугарев при кој успеа да помине дел од своите конкуренти, а потоа во постојана борба до целта на трката и да се избори за прв пат во својата кариера, за место на подиумот и за првиот пехар во трка од Источно Европскиот Шампионат во брзински мотоциклизам. Освоеното трето место секако дека ќе биде уште поголем поттик за Марин Сугарев, на следните трки да ги подобрува своите резултати. А можеби ова ќе биде и добар поттик за одредени компании да го помогнат градењето на кариерата на овој млад возач, кој ветува многу за македонскиот мото спорт.

marin sugarev_pleven4

Следно што го очекува Сугарев е патека која е предизвик за секој возач од овој крај, Истанбул парк, Турција, 24 јуни. Радува податокот што Марин веќе еднаш има настапувано на оваа патека минатата сезона и што имаше одлични резултати и на квалификациите и на трката, која не ја заврши поради проблемите со моторот на неговата Априлија 125. Според календарот за оваа сезона после тоа следуваат уште една трка во Истанбул Парк, закажана за јули и шампионатот завршува во Батајница, Србија, во септември. Се надеваме дека по крајот на сезоната, ќе можеме да заклучиме дека Македонија и Мотоциклистичката Федерација на Македонија биле достојно претставени и дека ќе имаме уште многу поводи за славје и гордост.

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.