MK мотоциклисти на меѓународни трки

Светски шампионат во мотокрос „Гран При Словенија 2012“

motori Ilioski_MX3_1Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски ќе ја претставува Македонија и Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ)

Следете нè на:

 

Ilioski MX3_2

Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски ќе ја претставува Македонија и Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ)  на шестиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос за 2012 година кој ќе се одржи на 10 јуни на патеката во Орехова Вас, Словенија.

Ilioski 1

Минатата недела Илиоски уште еднаш се запиша во аналите на македонскиот мотоциклизам и спорт како прв наш учесник на натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос во класата МХ3 на натпреварот во Хрватска. Во исклучителна конкуренција тој успеа на два пати да го освои 28 место што е најголем успех на македонски мотоциклист во натпревар од највисок светски ранг. За разлика од македонскиот шампионат каде што настапува со мотоцикл Хонда и доминира во класата МХ2, Илиоски на меѓународен план настапува со КТМ.

IMG 5513

Класата МХ3 е се популарна и за натпреварот во Словенија се пријавени дури 59 мотокросисти од 23 држави. Интересно е дека во исто време ќе се одржи и трка од Светскиот шампионат во мотокрос за жени со вкупно 34 учеснички.

Тренинзите и квалификациската трка во двете конкуренции се предвидени за сабота 9 јуни, а двете возења што ќе ги одредат најдобрите се на програмата во недела 10 јуни.

Би можело да ве интересира

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Кал Кратчлоу вели дека воопшто не чувствува болка во зглобот кога е на мотоциклот но кога ќе се симне од него е друга приказна.

Новите надворешни додатоци на Yamaha и Ducati добија одобрување, вели техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.