Мото клубот Гајич од Србија во соработка со ФИМ Европа и Мото Сојузот на Србија на 18 и 19 јуни организираат мотокрос трки од Европскиот шампионат во сите категории.
Викендов според календарот на Балканската мото унија се вози третата рунда од овој шампионат, организаторите од Србија се потрудија освен за Балканскиот шампионат да се возат и трки од Европскиот шампионат во мотокрос па публиката ќе може да ужива во мајсториите на одличните возачи.
Македонија и МФМа ќе бидат претставувани од 7 возачи. Во класата МХ1 ќе настапат Гоце Томовски (МК Гого) и Христијан Илиоски (МК Пелистер). Во класата МХ2 ќе настапат Ангел Ристов (МК Ноќни Волци) и Христијан Станкович (МК Мотостарс) кој ќе се бодува и во МХ2 Јуниор класата, а во класата МХ ќе ги проследиме Борче Костов (МК Ноќни Волци) кој се бодува и во (МХ Ветерани), Петрос Танусис (МК Ноќни Волци) и Јован Стојков (МК Мотостарс). Она што е за поздрав е мото клубот Ноќни Волци кој финансиски ги поддржа своите возачи кои се дел од „Волф Крос Рејсинг Тимот“.
Илиоски ќе ги вози трките од Балканскиот и Европскиот шампионат
Христијан Илиоски - Кико ќе вози на трките од Балканскиот шампионат каде во моментот во генералниот пласман е на втората позиција, но планира да настапи и на трките од Европскиот шампионат. Иако воопшто нема да има лесна задача, ќе биде добро да се види нашиот најдобар кросист во Европска конкуренција. На трката од Европскиот шампионат ќе настапи и Гоце Томовски кој викендов се одлучи за по атрактивната трка наместо за Балканскиот шампионат на кој се наоѓа на четвртата позиција во генералниот пласман.
Томовски ќе вози трки од Европскиот шампионат во мотокрос
Возачите на МК Ноќни Волци продолжуваат со настапите на меѓународна сцена, Ангел Ристов ќе вози во МХ2 класата, додека пак Петрос Танусис (Грк кој вози со лиценца на МФМа) ќе настапи во МХ класата. Во МХ и МХ Ветерани настапува и добро познатиот Борче Костов - Жолт кој во МХ Ветерани класата во генералниот пласман се наоѓа на втората позиција.
Борче Костов продолжува со меѓународните настапи
Мото клубот Мотостарс од Битола ќе има двајца претставници, Јован Стојков кој ќе се бодува во класата МХ како и надежниот Христијан Станкович од кој се очекува одлична борба во класата МХ2.
Патеката во Глобаре е одлична како за возачите така и за публиката која има можност да ја набљудува целата патека од местото предвидено за тоа. Според агендата предвидени се и две мото забави, на 17 и 18 јуни со почеток од 18 часот.
Би можело да ве интересира
Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.
Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.
Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.
Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.
X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.
Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.