MK мотоциклисти на меѓународни трки

Успешна подготовка за нашите кросисти на трката во Грција

Во конкуренција од 20 натпреварувачи, на патеката Каротица во Грција (пред Солун) нашите натпреварувачи имаа задоволителна подготовка пред почетокот на Источно Европскиот шампионат.

Следете нè на:

 

1173666 711773685519945 1973377287 nПоследна подготовка пред стартот на Источно Европскиот шампионат во мотокрос на 23 март

Во конкуренција од 20 натпреварувачи, на патеката Каротица во Грција (пред Солун) нашите натпреварувачи имаа задоволителна подготовка пред почетокот на Источно Европскиот шампионат.

Нашите најдобри натпреварувачи, Гоце Томовски и Христијан Илиоски настапија на две трки во класата MX Expert (споена трка на MX1 и MX2 класите), додека пак младиот Адријан Ристевски настапи во класата МХ85.

За жал искусниот Борче Костов не настапи во класата МХ3 бидејќи организаторот на трката се одлучи оваа класа да ја направи од затворен карактер па на странските натпреварувачи не им беше дозволено учество. Иако до сега беше пракса и класата МХ3 да биде отворена за сите натпреварувачи, годинава организаторот се одлучи за ваков потег кој наиде на негативна реакција кај гостите бидејќи еден ден претходно им беше потврдено дека сите ќе имаат право на настап.

Конкуренцијата на песочната патека беше голема, гостите од Бугарија, Црна Гора, Хрватска и Македонија се обидоа да им парираат на домаќините. Нашиот Адријан Ристески имаше најолем успех, во класата МХ85 во конкуренција од 12 возачи имаше одличен настап на двете трки, притоа освојувајќи го 3-то место на првата трка и 4-то место на втората.

Во класата MX Expert возеа вкупно 20 натпреварувачи од кои Гоце Томовски првата трка ја заврши на 11-та позиција, а втората на 8-та. Христијан Илиоски иако имаше проблем со задниот амортизер, првата трка ја заврши на 4-та позиција, а втората на 7-та. Важно е да се напомене дека за нашите натпреварувачи ова е прва трка и посериозен тренинг во годината, а имајќи во предвид дека немаа заостанување поголемот од 1 секунда зад првиот можеме да кажеме дека успешно ги поминаа подготовките пред почетокот на Источно Европскиот шампионат.

Шампионатот започнува на 23-ти март, со првата трка која ќе се вози на патеката Серес во Грција, од вкупно 12 трки колку што се предвидени во календарот. Најголеми очекувања во овој шампионат имаме од Христијан Илиоски и Гоце Томовски, кај младите погледите се насочени кон Андријан и Лука Ристевски, како и Христијан Станкович, а во МХ3 со нетрпение го очекуваме настапот на Борче Костов.

На првата трка од Македонија има пријавено 12 натпреварувачи, а тимот на мотори.ком.мк ќе присуствува на патеката во Серес од каде ќе објавиме извештај и галерија со слики веднаш по трките.

Би можело да ве интересира

Кени Робертс зборува за MotoGP сезоната 2019, аеродинамиката, Марк Маркез, недостатокот на возачи кои доаѓаат од САД и уште неколку други работи.

Веќе ви имаме кажано дека Suzuki планира да престави нов модел на пазарот. Сега добивме информација дека големиот оф роуд мотоцикл е забележан на патиштата во Италија.

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Би сакал тогаш да го знаев она што го знам сега.

„Се обидовме да работиме на електрониката. Исто така најдовме и подобар баланс во споредба со минатата година. Мотоциклот работи подобро.“ - Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.