Христијан Илиоски - Кико, нашиот најдобар кросист во класата МХ1 викендов го започнува походот на Источно Европскиот шампионат во мотокрос на патеката Јаница во Грција. Кико повторно се соочува со проблемите од минатата сезона, финансиите се главна пречка за успешно претставување на Македонија во овој шампионат, но дополнителен проблем сега е и потрошеноста на опремата со која тој треба да го одбрани вице-шампионското место, но и да атакува на шампионската позиција.

Христијан Илиоски - Кико, нашиот најдобар кросист во класата МХ1 викендов го започнува походот на Источно Европскиот шампионат во мотокрос на патеката Јаница во Грција. Кико повторно се соочува со проблемите од минатата сезона, финансиите се главна пречка за успешно претставување на Македонија во овој шампионат, но дополнителен проблем сега е и потрошеноста на опремата со која тој треба да го одбрани вице-шампионското место, но и да атакува на шампионската позиција.

Го запрашавме што очекува од новата сезона и со какви амбиции ќе го започне настапот на трките од Источно Европскиот шампионат во мотокрос:

„Почетокот на сезоната 2015 со првата трка од Источно Европскиот шампионат на 4 и 5 април во Јаница, Грција повторно за мене е почеток на очекувањата. Очекувам од Агенцијата за млади и спорт позитивен одговор за мое достојно претставување на Источно Европскиот шампионат. До сега чекав Мото федерацијата на Македонија конечно да се усогласи, да се заложи за мене. Јас минатата сезона укажав на моите проблеми во Агенцијата за млади и спорт и ги прикажав моите резултати донесени за Македонија кои за нив беа достојни за поддршка и секако сега во соработка со Мото федерацијата верувам дека ќе се направи нешто со цел да се задржи минатогодишниот успех и да се направи нов дури и поголем. Претставниците како што сум јас во овој спорт кај нашите соседни мото федерации и држави, спортистите кои се на моето ниво не се заборавени од институциите, напротив, сите тие возат на Светско и на Европско првенство со поддршка од надлежните. Минатата сезона целиот терет го сносев сам, без содветна помош, техничка и материјална, моето учество оваа сезона е неостварливо.

Бидејки сега од сите апелирања некои работи се придвижија, иако е задоцнето јас сепак одлучив да настапам на првата трка. Ќе почнам да собирам бодови во рамките на сегашните можности, а откако ќе ја добијам помошта и ќе се создадат услови ќе продолжам со работата и ќе се обидам повторно да се наметнам како конкурент за првото место.

Мојата конкуренција нема проблеми како што имам јас, тие не застануваат во зимскиот период, постојано тренираат и новата сезона ќе ја започнат со нови врвни мотоцикли. Ова може да биде причината заради која нема да направам соодветен резултат за мене, но и самото учество ќе биде претешко бидејќи не располагам ни со минимални услови за настап. Од минатата сезона се ми е потрошено, од опрема до моторот, до се...

Доколку во меѓувреме се створат услови и ја добијам бараната помош, не само што ќе возам во ИЕШ, туку ќе се обидам да настапам и на некои од поблиските Европски трки. Доколку не ми се помогне за жал ќе настапувам само во Македонскиот мотокрос шампионат, и повторно ќе се обратам до сите надлежни. Се надевам дека нема да дозволат тоа да случи и дека на трките од ИЕШ публиката ќе има прилика да се радува на претставник од Македонија“ - изјави Кико за мотори.ком.мк

Шампионатот започнува викендов на патеката Јаница во Грција, а по откажувањето на трката во Гевгелија до крајот преостануваат уште 6 рунди, или вкупно 12 трки во целиот шампионат.

МОТОКРОС
# Датум Патека Земја
Рунда 1 05 април 2015 Јаница Грција
Рунда 2 12 април 2015 Гевгелија Македонија (ОТКАЖАНА)
Рунда 2 26 април 2015 Крешево Босна и Херцеговина
Рунда 3 14 јуни 2015 Глобаре Србија
Рунда 4 28 јуни 2015 Самоков Бугарија
Рунда 5 30 август 2015 Тројан Бугарија
Рунда 6 04 октомври 2015 Бурса Турција
Back To Top