Тројца наши натпреварувачи ќе ја претставуваат Македонија на патеката Серес во Грција во рамките на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Втората и третата трка од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам ќе се одржат викендов на патеката Серес во Грција. Пред една недела нашите претставници го започнаа походот кон титулата на патеката Плевен во Бугарија.

rr pleven 1 2016 10

Во класата до 125цц нашиот Христијан Бузалковски (МК Мотори) воопшто не стартуваше откако доживеа пад во саботата. Заработи повреда на раката и моторот беше прилично искршен, но популарниот „Бузо“ веќе е подготвен за следните возбудувања и двојната програма која го очекува викендов.

Игор Спиров - Зизи (МК Гого) извозе одлична трка во класата F600. Во конкуренција на 17 возачи на мократа патека во Плевен дојде до четвртата позиција. Спиров имаше фантастичен старт па на почетокот од трката го видовме на втората позиција, но до крајот двајца возачи успеаја да го поминат и да му ја скратат радоста за подиумот. Сепак имајќи ги во предвид условите на патеката и подготвеноста на конкуренцијата Спиров направи одлична работа и на најдобар можен начин го започна шампионатот.

rr pleven 1 2016 18

Повратникот во брзинскиот мотоциклизам Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) во класата F1000 ќе се обиде да го подобри резултатот од Плевен. Тој иако имаше одличен старт на крајот финишираше како 9-ти. Дождот секако беше една од причините за лошиот пласман, но знаејќи го Ивчески сигурни сме дека во Серес ќе видиме сосема различно издание од него.

rr pleven 1 2016 76

Според програмата, нашите претставници ќе ги имаат своите сесии според следниот распоред:

Петок

Време Класа Сесија
11:00 - 11:15 SP 125 Тренинг 1
11:25 - 11:45 F600 Тренинг 1
11:55 - 12:15 F1000 Тренинг 1
13:25 - 13:45 SP 125 Тренинг 2
13:55 - 14:15 F600 Тренинг 2
14:25 - 14:45 F1000 Тренинг 2
15:55 - 16:15 SP 125 Тренинг 3
16:25 - 16:45 F600 Тренинг 3
16:55 - 17:15 F1000 Тренинг 3

Сабота

Време Класа Сесија
09:00 - 09:15 SP 125 Квалификации 1
09:25 - 09:45 F600 Квалификации 1
09:55 - 10:15 F1000 Квалификации 1
11:25 - 11:40 SP 125 Квалификации 2
11:50 - 12:10 F600 Квалификации 2
12:20 - 12:40 F1000 Квалификации 2
14:10 SP 125 ТРКА
14:45 F600 ТРКА
15:20 F1000 ТРКА

Недела

Време Класа Сесија
09:00 - 09:15 SP 125 Квалификации 1
09:25 - 09:45 F600 Квалификации 1
09:55 - 10:15 F1000 Квалификации 1
11:25 - 11:40 SP 125 Квалификации 2
11:50 - 12:10 F600 Квалификации 2
12:20 - 12:40 F1000 Квалификации 2
14:10 SP 125 ТРКА
14:45 F600 ТРКА
15:20 F1000 ТРКА
Back To Top