motori cobo-istanbul2Со последната трка од Европскиот Шампионат во супермото одржана изминатиот викенд во Сакарија, Турција на патеката Кенан Софуоглу, која е во сопственост на двократниот светски шампион во Супер Спорт, Кенан Софуоглу, заврши Европскиот Шампионат во супермото, во кој шампионат се натпреварува нашиот Слободан Ивчески.

Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од МК „Сакамото“ по повод успешниот настап на Слободан Ивчески во годинешниот Европски Шампионат во супермото. На Цобо му честитаме за огромниот успех, а му посакуваме догодина да ја запише Македонија во историјата на овој спорт со освојување на пехар на крајот од сезоната. За ваквите потфати потребни се големи финансиски средства, па воедно ги повикуваме сите компании кои можат да придонесат во успешниот настап на нашиот најдобар мотоциклист во оваа класа да го сторат тоа. Контакт со МК „Сакамото“ може да се оствари преку нивната е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

cobo-istanbul1

Со последната трка од Европскиот Шампионат во супермото одржана изминатиот викенд во Сакарија, Турција на патеката Кенан Софуоглу, која е во сопственост на двократниот светски шампион во Супер Спорт, Кенан Софуоглу, заврши Европскиот Шампионат во супермото, во кој шампионат се натпреварува нашиот Слободан Ивчески. Како и до сега, кога станува збор за дисциплината супермото, Ивчески беше единствениот претставник на Мотоциклистичката Федерација на Македонија.

По дефектот на моторот од мотоциклот на последната трка во Словенија, успеавме навреме да го спремиме мотоциклот за завршницата од сезоната. Гледавме интересни трки, а завршницата на сезоната ја направи повозбудлива токму двократниот светски шампион Кенан Согуоглу, кој реши да настапи на оваа трка и да ги покаже своите мајстории и во една поразлична мото дисциплина од која сме навикнале да го гледаме. Иако Европскиот Шампион во супермото Ангел Карањотов се надеваше дека може да го порази Софуоглу, освојувајќи ја пол-позицијата на квалификациите, сепак искуството на Софуоглу е неспоредливо со она на младиот Карањотов.

cobo-istanbul

Светскиот Шампион покрај тоа што се докажа како голем мајстор во мото спортот, мора да признаеме дека се покажа и како прав домаќин, но и како голем спортист и прав вљубеник во спортот. По проблемите со акумулаторот кои ги имавме на првиот слободен тренинг, Софуоглу веднаш извади акумулатор од својот резервен мотор со што ни помогна да настапиме на првиот тренинг кој вооедно ни значеше многу со оглед на тоа што патеката ни беше непозната и требаше да помогне за соодветно штелување на моторот.

Нашиот Ивчески во двете трки го освои 7то место, со што се искачи на 6та позиција во генералниот пласман на Европскиот Шампионат во супермото. Со ова Ивчески постигна историски успех за себе, но и за Мотоциклистичката Федерација на Македонија, со оглед на тоа што станува збор за успех постигнат во генерален пласман на Европски Шампионат. Беше прв натпреварувач во мото спортот кој донесе бодови за Македонија од европски ранг во 2008 година, а сега станува и прв натпреварувач кој постигнува ваков успех во генералата на Европски Шампионат.

cobo-istanbul2 

Со оглед дека сезоната заврши, во оваа прилика би ги споменале сите оние кои ги помогнаа настапите на Ивчески: Мотоциклистичката Федерација на Македонија од оваа година започна со покривање на патните трошоци на натпреварувачите кои настапуваат на трките во странство, фирмата Голдмак АД – Радовиш која покри дел од трошоците за трките, како и фирмата Сеча 96 Дооел од Скопје, застапник за Репсол, која обезбеди моторно масло за натпреварувачкиот мотоцикл.

Покрај оние кои финансиски и материјално ги помогнаа нашите настапи, секако дека тука значајно место имаат и оние кои медиумски ги покрија и ги поддржаа нашите настапи: веб сајтовите www.motori.com.mk, www.f1almanah.mk, www.autoplus.com.mk и новинарот Зоран Антоски од дневните весници Вест и Нова Македонија. 

Секако дека сме безкрајно благодарни на оние кои на било каков начин ги помогнаа нашите настапи, но мора да споменеме и дека трошоците за настап на трките, како и трошоците кои што се потребни за делови за мотоциклот и опрема, се многу поголеми од оние средства кои ги добиваме од спонзорите, па затоа постигнатото шесто место во Европскиот Шампионат ни е навистина значајно и го сметаме за многу голем успех, со оглед на условите и можностите кои ги имаат нашите конкуренти и оние можности кои ги имаме ние.

Овој текст би го завршиле полни со надеж и ентузијазам дека следната година ќе ни биде полесно, предводени пред се од Мотоциклистичката Федерација на Македонија, која оваа година започна со покривање на дел од нашите трошоци, а дека тоа ќе продолжи и следната година и тоа во поголем обем, дека ќе имаме поголема поддршка и од останати спонзори, а ние да можеме целосно да се посветиме кон тренинзите и постигнување на уште подобри резултати, како би можеле нашата држава, но и мото спортот во Македонија да го издигнеме на едно повисоко ниво. 

Извор: МК „Сакамото“

Back To Top