MK мотоциклисти на меѓународни трки

Заврши првата рунда од БМУ Европскиот шампионат во мотокрос

Викендов на патеката Јаница во Грција се возеше првата рунда од БМУ Европскиот шампионат во мотокрос.

Следете нè на:

 

Викендов на патеката Јаница во Грција се возеше првата рунда од БМУ Европскиот шампионат во мотокрос.

До пред извесно време познат како Источно-Европски, за потоа да биде преименуван во Балкански, од оваа година истото натпреварување го носи името „БМУ Европски шампионат“.

17349777 10203211362041483 3144461720400428728 oИзвор: Фејсбук

На патеката во Грција имавме 11 претставници, од најавените 12, во Јаница не се појави само Јован Стојков заради повреда.

Во класата МХ1 убедлив со две победи беше Адријан Радута од Романија, втор беше Бугаринот Крастев Кристиан, а трет со едно четврто и едно трето место Гркот Пахеванис Димитриос. Во класата МХ1 не ги видовме Христијан Илиоски и Гоце Томовски, а честа на нашата земја ја бранеа Михаил Бајовски (МК Хамачи Екстрим), Васко Киров (МК Ноќни Волци) и Николоски Синиша (МК Александар).

Бајовски на крајот со доброто возење за прв пат во оваа класа на крајот го забележа 8-то место и прокнижи 25 бодови од првата рунда. Васко Киров се најде на 10-та позиција по двете извозени трки со 22 бода на своето конто, а Николоски Синиша на 11-та позиција со 20 бодови.

Во класата МХ2 ги следевме Христијан Станковиќ (МК Мотостарс)Дејан Маџиров и Ангел Ристов (МК Ноќни Волци)Драган Ванов и Виктор Караколев (МК Мото Велес). Во оваа класа на стартот се појавија 35 возачи, а најдобар успех забележа Христијан Станковиќ кој заврши на 25-та позиција во првата трка, за во втората да заврши на 12-та позиција.

Караколев Виктор финишираше на 27-та позиција на првата трка, а 24 на втората. Ангел Ристов беше 29-ти на првата трка, а 25 на втората. Ванов Драган заврши на 34-та позиција на првата трка, а 24 на втората. Дејан Маџиров остана без пласман.

Во класата MXV ги проследивме Борче Костов и Петрос Танусис (МК Ноќни Волци), како и Атанасиос Папаниколау (МК Мото Велес). Костов возеше одлично на првата трка но заради повреда не беше во можност да го повтори успехот во втората, сепак викендот го завшрува со 23 поени на своето конто. Возачот на Мото Велес беше нај успешен наш претставник во оваа класа, Папаниколау со две 8-ми места го заврши викендот со 26 поени. Петрос Танусис не настапи на втората трка, па мораше да се задоволи само со 9 бодови од првата рунда.

Следната трка од шампионатот се вози на 27-28 мај на патеката Крешево во Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.

Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.

Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.