Нашиот најдобар тркач во класата SBKS 600 на Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, Игор Спиров - Зизи, се подготвува за следната сезона.

475050 10201036084805023 286256336 o

Најдобар успех за Спиров на Источно Европскиот шампионат е освоеното четврто место во генералниот пласман минатата година

Нашиот најдобар тркач во класата SBKS 600 на Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, Игор Спиров - Зизи, се подготвува за следната сезона. Но наместо вообичаените подготовки односно подготовката за настап во домашниот шампионат, Спиров се подготвува за настап во Српскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Причината за ова е едноставна, во Македонија не се организираат трки во брзински мотоциклизам заради немање на соодветна патека. Па така нашите натпреварувачи кои настапуваат на Источно Европскиот шампионат трошат големи финансиски средства за подготовки надвор од земјава за потоа да покажат солидни резултати.

Како за пример, Зизи минатата година беше четврти во генералниот пласман, но немањето константи тренинзи кои би биле изразени преку трки во домашното првенство оваа сезона го симнаа две места подолу. Во годинешното рангирање удел имаше и зголемената конкуренција, минатата сезона во класата SBKS 600 се натпреваруваа 38 возачи, а оваа сезона 55. Гледано од тој аспект тој остварил послаб успех во генералниот пласман, но бил подобар во однос на зголемената конкуренција. Сето ова е постигнато со возење на трки само во Источно Европскиот шампионат, а кога би возел и дополнителни трки како подготовки сигурни сме дека ќе покаже подобри резултати.

Се надеваме дека надлежните ќе ја актуелизираат потребата од изградба на патека за трки со брзински мотори, а на Зизи му посакуваме многу среќа и успех како во српскиот шампионат, така и во настапите на Источно Европското првенство.

Back To Top