Мотоцикли

2018 Husqvarna Vitpilen 701

После одличниот прием кој концептот Vitpilen го доби на EICMA мото шоуто во 2015 година, Husqvarna мораше да го изгради овој футуристички „caffe racer“. И тоа им успеа се до најситените детали.

Следете нè на:

 

Ова што го гледате е Vitpilen 701 и тој е продукциска верзија за сезоната 2018. Но овој мотоцикл не е за секого. На едни воопшто не им се допаѓа, а други пак престанаа да го читаат овој текст после првите две реченици и сликата од мотоциклот веднаш ја ставија како позадина на своите телефони.

Од компанијата, Vitpilen 701 го нарекуваат „храбар чекор во нова тероторија“. Инспириран од истиот уникатен дизајн кој го има низ целата Vitpilen фамилија, 701 перфектно ја отсликува прогресивната визија на иновативни и достапни улични мотоцикли. „Можеби ќе бидете единствениот член на вашата група кој има ваков мотоцикл, но бидете трпеливи.“

39487 Vitpilen 701 2018

Нивниот партнер во проектот, KISKA Brand Desing, откри дека новата улична линија започнала да привлекува луѓе кои никогаш порано не размислувале на тоа. „Од она што го забележав, 701 привлекува лица кои се веќе дел од светот на мотоциклите, но ова е главниот дел: Husqvarna повторно влегува во сегментот на улични мотоцикли, но сега се засилени со докажаниот инжинеринг и поинаквиот изглед на својот мотоцикл.“

Нивниот нов правец не е воопшто лош, но патот до производството беше долг. Мотоциклите ќе се појават четири години откако за прв пат се појави концептот. Многу работи можат да се случат за четири години. Иако Vetpilen е добар, тие сепак се соочуваат со предизвици. За почеток, нивната листа на продавачи е навистина мала во споредба со останатие компании. Дали во твојата најблиска продавница можеш да најдеш ваков мотоцикл? Дали новиот дизајн ќе помогне да се промени тоа?

38694 Vitpilen 701 2018

Ако се обидете да продадете голем мотоцикл, тогаш ова е перфектен модел за да почнете со тоа. Во срцето на Vitpilen чука 692.7 cc мотор на КТМ кој развива 75 коњски сили. Овој мотор е еден од најмоќните четири тактни кои некогаш се нашле сместени во мотоцикл на Husqvarna. Тој има превртена („upside-down) вилушка од 43mm и заден моношок амортизер, а и двете потекнуваат од WP. Клиповите на сопирачките се од Brembo, а возачите ги добиваат и сите модерни додатоци меѓу кои се „ride-by-wire“ и контрола на тракцијата. Целиот пакет тежи речиси исто како и 690 Duke, односно 156 килограми.

38690 Vitpilen 701 2018

Но ако ја преферирате „scrambler“ верзијата, Svartpilen, тогаш ќе треба да почекате. Во моментов тој се уште е концепт но сигурно не би требало да помине премногу време пред да започнат со производство.

Засега се уште не се знае која ќе биде неговата цена но претпоставувам дека ќе се најде повисоко на скалата во споредба со Suzuki SV650 или Yamaha FZ-07. Но многу е тешко да се спореди  Vitpilen 701 со овие мотоцикли. Тој е нешто сосема поразлично и единствено времето ќе покаже дали вредеше да се чека.

Би можело да ве интересира

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.