Доколку мислевте дека Triumph работи напорно на подготовка на новите Scrambler и Speed Twin, тогаш имаме уште неколку нови информации за вас.

Доколку мислевте дека Triumph работи напорно на подготовка на новите Scrambler и Speed Twin, тогаш имаме уште неколку нови информации за вас. Ако можеме да судиме според фотографиите кои можеме да ги видиме, се чини дека вработените во компанијата работат прекувремено.Од  Rocket до Tiger , од Daytona до Thruxton R Black, Triumph планира да се надмине во однос на продуктивноста.

Еден од мотоциклите кои ги видовме пред неколку недели беше Street Triple. Но она што не изненади е тоа дека кај него не забележавме некоја значителна промена. Зошто тогаш го тестираа?

Сега го имаме одговорот. Во 2020 година Street Triple ќе добие втор катализатор, барем така можеме да заклучиме според извештајот кој компанијата го достави до Агенцијата за Квалитет на Воздухот во Калифорнија. Според документот, во 2020 година мотоциклот ќе добие подобрување на моторот. Откако за прв пат беше преставен во 2018 година, Street Triple 765 користи мотор именуван како 765TEN. На новиот документ, моторот е заведен под името 765DES. Во суштина, се зголемува бројот на катализатори.

carb txt 1 21 08

Според истиот документ, со ова речиси за половина се намалува емисијата на штетни гасови. Јаглеводород се намалува од 0.2 на 0.1 додека пак нивото на Јаглеводородот плус оксидите се намалува од 0.3 на 0.2. Ова на прв поглед можеби не изгледа како големо намалување но со оглед дека наскоро на сила ќе стапат строгите правила за емисија на штетни гасови, се чини дека првите луѓе на компнијата најдоа начин како да го одржат производството на Street Triple.

carb txt 2 21 08

Некои пак сметаат дека новиот мотор ќе биде ист како оној кој се користи во Moto2  серијата. На 23-ти август Truimph ќе соопшти повеќе информации за новата и лимитирана верзија на Daytona а тогаш би можеле да очекуваме и повеќе детали за новите модели.

Back To Top