Мотоцикли

2020 Yamaha Tracer 700

2020 Yamaha Tracer 700 има одредени промени кај дизајнот кои се слични со најновите мотоцикли на Yamaha.

Следете нè на:

 

2020 Yamaha Tracer 700 има одредени промени кај дизајнот кои се слични со најновите мотоцикли на Yamaha.

Во пресрет на мото шоуто EICMA, Yamaha го престави најновиот модел на Yamaha Tracer 700. Тој има променет изглед и сега е сличен на останатите мотоцикли на Yamaha.

Дизајниран да ги комбинира спортските и туринг елементи, Yamaha Tracer 700 претрпе одредени промени со цел да се изедначи со останатите модели од Yamaha MT линијата.

2020 Yamaha Tracer 700 txt 1 04 11

Предниот дел на машината има поагресивен изглед додека пак мотоциклот има и нова боја.

Во срцето на мотоциклот се наоѓа подобрена верзија на 698cc 2-cylinder crossplane моторот. Промени има и кај вбризгувачот на гориво како и на сетинзите а модификуван е и издувот на мотоциклот.

2020 Yamaha Tracer 700 txt 2 04 11

Од компанијата тврдат дека мотоциклот е најлесен во неговата класа. Tracer 700 има прилагодлива предна и задна суспензија. Сето ова е направено со цел да се подобри егрономијата но и удобноста.

2020 Yamaha Tracer 700 им се приклучи на NIKEN, FJR и Tracer 900 во спортско туринг линијата на Yamaha.

2020 Yamaha Tracer 700 txt 3 04 11

Мотоциклот е еден од неколкуте машини кои ќе го имаат своето деби на 2019 EICMA мотошоуто а покрај него ќе бидат преставени и новите верзии на Yamaha TMAX 560, Yamaha MT-125, Yamaha MT-03 како и најновиот Yamaha R1 спортски мотоцикл.

Yamaha исто така ќе ги престави и FJR1300AS Ultimate Edition и FJR1300AE Ultimate Edition. Двете верзии ќе имаат нови бои како и поголемо ветробранско стакло.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На почетокот од месецов во Скопје се оддржа првиот Тренинг за безбедно управување мотоцикли во организација на мото клубот Безбедност.

Хорхе Лоренцо ќе се повлече од мото трките.

Валентино Роси дојде до моментот кога треба да одлучи  дали ќе ја продолжи MotoGP кариерата или ќе замине во пензија. Поранешниот ривал Макс Бијаџи има поинаква идеја.

Меморандумот ги поставува основите за нова земја да може да се приклучи на календарот.

EICMA не е само најдоброто место каде што можат да се видат најновите мотоцикли туку е и одлична можност за тимовите да ги престават своите нови возачи.

После 18 трки низ 15 различни држави, голем број на победи, возбудувања и Motul Super Fan настапи, дојдовме до финалната трка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.