Во случај да не сте еден од оние 23 среќници кои се сопственици на ARCH Method143, изработен од карбон, ARCH Motorcycle имаат модел кој ќе биде достапен и за нас, обичните смртници.

Во случај да не сте еден од оние 23 среќници кои се сопственици на ARCH Method143, изработен од карбон, ARCH Motorcycle имаат модел кој ќе биде достапен и за нас, обичните смртници.

ARCH 1S 1

На мото шоуто EICMA во Милано дебитираше ARCH 1S кој претставува подобрена верзија на крузерот ARCH KRGT-1. Вториот продукциски модел на компанијата има делови изработени од јаглеродни влакна и алуминиум. Сите тие се наоѓаат околу v-twin моторот кој има капацитет од 2,032цц. Меѓу нив е вклучена и алуминиумската, моно вилушка која го држи карбонскиот бандаж.

Исто така вреди да се напомене и дека ARCH 1S е во согласност со Euro4 стандардот, а како опција се и ABS сопирачките. Овие две работи покажуваат дека ARCH 1S ќе биде легален во Европа а тоа е и причината поради која овој модел дебитираше во Милано.

Уште еден интересен дел кај овој мотоцикл е резервоарот за гориво чиј што отвор се наоѓа под оклопот на мотоциклот.

Во моментов се уште не е позната неговата цена ниту пак кога ќе биде достапен во Европа, но очекуваме дека ќе биде малку поскап од ARCH KRGT-1 чија што цена изнесува 78000 долари во САД. Со оглед на цената, се чини дека и овој модел нема да го гледаме по нашите улици.

Back To Top