Имаше многу изненадувања на прес конференцијата на BMW Motorrad за време на EICMA мото шоуто, но она што привлече најголемо внимание беше последниот дел од говорот на претседателот на BMW Motorrad, Стефан Шалер.

BMW HP4 Carbon 2

На пресконференцијата беа претставени моделите R 1200 GS, R nineT Urban G/S, G 310 GS и K 1600 GTL. Но сепак, тоа не беше се. Остана уште едно изненадување за новинарите, моделот HP4 RACE.

Обидете се да си го замислите најнапредниот, мотоцикл кој BMW Motorrad некогаш го има направено. Овој мотоцикл има рам и бандаши кои се комплетно направени од карбон. Истите тие подоцна ќе бидат монтирани и кај моделот кој ќе се најде во производство. Засега нема дополнителни информации за овој мотоцикл. Стефан Шалер само потврди дека тој ќе биде рачно изработен и ќе го има во ограничен број. Ќе биде достапен од втората половина на 2017 година.

HP4 RACE им остави посебен впечаток на новинарите кои се обидуваа да дојдат до повеќе детали за овој мотоцикл. Сепак, директорот на BMW Motorrad не сакаше да открие ништо повеќе и најави дека дополнителни информации ќе има следната година.

За многумина, зимата ќе биде многу долга.

Back To Top