motori brutus-eicma-1Еден од моторите кои го привлече нашето внимание на саемот „EICMA“ во Милано беше производот на компанијата „Over“, наречен „Brutus“.

Еден од моторите кои го привлече нашето внимание на саемот „EICMA“ во Милано беше производот на компанијата „Over“, наречен „Brutus“. Ѕверот засега е во пред-продукциска фаза, но според зборовите на надлежните веќе следната година Брутус ќе влезе во сериско производство.

Иако наликува на набилдан крос мотор, концептот и намената на Брутус е возење по површини (ситен песок, кал, вода, снег...) на кои е тешко да се помине со било каков друг мотор легален за улично возење, а истовремено тоа да биде забавно за возачот. Не ни беше дозволено да седнеме на моторот, но според габаритот не се работи за мотор со кој лесно ќе се управува. Сепак според дизајнерот на моторот, Александро Тартарини (поранешен дизајнер на „Lambretta“ и син на сопственикот на „Italjet“), големите тркала од „Maxxis“ не се пречка или потешкотија, туку напротив ќе помогнат во полесното управување со Брутус.

Зад огромниот рам се крие агрегат со зафатнина од 750цц кој развива 49кс, тежината не беше наведена во техничката спецификација, ниту пак сакаа да ни ја откријат, само не уверија дека оние 49кс без проблем ќе го движат моторот. Она што е интересно за Брутус е дека за него ќе се произведува и зимски кит кој вклучува скии наместо предното тркало и гасеница на местото од задното. Дополнително, за Брутус ќе можете да нарачате рол-барови, сајла за влечење и генератор, но она што не изненади е најавата за странична приколка, која да бидеме искрени, не можеме ни да замислиме како ќе изгледа на масивниот Брутус.

brutus-eicma-1{gallery}brutuseicma{/gallery}

Back To Top