Канадскит бренд препознатлив по совите квадови и баги возила на 4 тркала, по долга пауза најави враќање во светот на 2 тркала.

Can am electric

Can-Am во 70/тите и 80-тите години биле препознатливи по своите офроуд мотори со кои освојувале бројни победи низ северно американскиот континент. И покрај тоа што долги години се специјализираа за возила на 4 тркала, сега, по повод 50 годишнината од своето постоење, официјално најавија враќање во светот на 2 тркала, и тоа само електричен погон.

Според првичните најави Can-Am ќе напаѓа високо, во класата на LiveWire на Harley Davidson или моделите на Zero. Најавата беше храбро споделена деновиве преку следново видео:

Според него може да се заклучи дека канаѓаните планираат 4 нови модели од кои еден ќе биде и наменет за неасфалтираните патишта. 

“Со промената на индустијата кон електрични мотори гледаме можност повторно да го позиционираме нашиот бренд онаму каде беше пред многу години. Новата производма категорија е екстремно важна за нас. Многумина од нас уште имаат спомени од старите легендарни модели на Can-Am и се надеваме дека со новата понуда ќе успееме да ја надградиме таа богата историја и да ја импресионираме младата генерација офроудери и секако сите ентузијасти за електрични мотори. - изјави по повод оваа најава директорт на Can-Am - Jose Boisjoli.

Што може да очекуваме?

Помислата дека Can-Am може да се врати во овој свет датира од 2018 година кога компанијата купува дел од патентите и деловите на пропаднатиот стартап кој развиваше електрични модели, Alta. Alta во 2019 година претстави 3 различни концепти на електрични возила. За трагичната историја на Alta и генерално за развојот на електричните модели зборува Рајан од Fortnine во едно од своите последни, секогаш одлични, видеа:

Ако ги споиме овие концепти и малку подетално се загледаме во снимките од новото видое може да претпоставиме дека еден од моделите ќе биде во класата новиот BMW CE.04 а моделите за офроуд дека наликуваат на оние кои во својата понуда ги има Zero. Моделот кој добива nајмногу внимание е оној за кој веруваме дека ќе биде конкурент во класта на LiveWire del Mar.

Како и да е, враќањето на брендот во овој сегмент, и директно инвестирање во електрични модели е јасен индикатор за иднината од која нема бегање. Can-Am вели дека овие модели може да ги очекуваме во 2024 година. Што од својот ракав до тогаш ќе извадат другите производители и како на крај ќе изгледаат овие модели на канаѓаните, останува будно да следиме.

Back To Top