Honda CB300R се приклучува на постоечката понуда на Honda насочена кон помладите и понеискусни возачи.

362265 2022 HONDA CB300R

CB300R добива унапреден, односно подобро речено усогласен neo-retro стил преземен од постарите браќа во гамата но добива и унапредување на суспензијата, шасијата и менувачот. 

По долга пауза моделот добива заслужено внимание, напред добива одлични Showa SFF-BP амортизери со 41мм од и компјутерски котролирани ABS кочници. За запирањето се грижат NIssin калипери со 4 клипови кои притискаат на 296mm дискнапред и единечен калипер кој притиска на 220 мм диск назад. Кога на ова ќе се додаде фактот дека новиот CB300R има 50/50 распределба на тежината а тежи скромни 144 килограми може со сигурност да очекуваме мотор кој е се вози со огромно задоволство.  

Соголениот заден дел останува карактеристика и на новата верзија на CB300R. Во комбинација со црната боја овој мал мотор навистина изгледа минималистички. Седиштетето добива нов материјал а LED светлата и нивниот изглед остануваат генерално исти како кај претходникот. 

Моторот е придвижуван од 286cc DOHC агрегат со 4 вентили и еден цилиндар. Перформансите се скоро непроменети, 31КС кои пристигнуваат на високи 9000 вртежи во минута со максимална моќност од 27.5Nm кои се достапни на 7.750 вртежи. 

Една од поголемите промени е воведувањето на т.н. „assisted slipper clutch” со цел полесно и попрецизно менување на брзините, и намалување на опасноста од потскокнување на задното тркало при менување брзини надолу. 

Новиот CB300R би требало да пристигне кон средината на оваа година а ќе биде достапен во 4 различни комбинации на бои. Новите Pearl Dusk Yellow (жолта) и Mat Pearl Agile Blue (сина) ќе им се придружат на претходно познатите Mat Gunpowder Black Metallic (црна) и Candy Chromosphere Red (црвена).  

Back To Top