Мотоцикли

Чудниот случај на Кинескиот електричен скутер кој има знак на Ducati

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Следете нè на:

 

Ова би можело да ви изгледа како чудно прашање, но тоа не е само обична шпекулација. Австриска компанија која има големи проблеми , барем за еден ден е најмногу барана и тргувана на Австриската берза, откако беше објавено дека склучила договор да создаде специјална Ducati едиција на своите ефтини електрични скутери.

Скутерот нема да биде нов модел туку ќе биде лимитирана верзија на CU-X скутерот кој се продава во Азија и Европа. Од Vmoto велат дека моторот кој има 2.8 kW креира 85 вртежи во минута. Во Европа, најголемата брзина му е лимитирана на 31 километар на час. Со едно полнење на батеријата може да помине 65 километри а батеријата лесно може да се отстрани за полнење.

Но изненадувањето тука не е влезот на Ducati на пазарот за електрични мотоцикли. Извршниот директор, Клаудио Доменикали веќе најави дека компанијата наското ќе има електричен мотоцикл. Тие веќе ја преставија и соработката која ја имаат во овој сегмент со Италијанската компанија Thok Ebikes. Спортскиот мотоцикл кој наскоро треба да пристигне ќе биде во согласност со традицијата на Ducati.

Но скутерот ќе биде нешто сосема поинакво а единствениот удел на Ducati во целата приказна ќе биде само името. Дури и самата објава на директорот на Vmoto, ни навести дека ова ќе биде голема работа за нив а не за Ducati.

„Ова е одличен договор за Vmoto и ние сме воодушевени што Ducati , кој е познат по тоа што е врвен производител на Италијански мотоцикли, се согласи да ја поврзе својата врвна репутација и бренд со нашите електрични возила."

VMT chart

Дали е само до мене или навистина звучи како Австриската компанија и самата да е изненадена што Ducati се согласи на ваков договор?

Во секој случај, главната приказна тука е каков ќе биде првиот електричен мотоцикл на Ducati. Перформансите не се толку комплицирани, но еден од главните приоритети кај спортските модели е во директна спротивност со тоа колкаво растојание ќе може мотоциклот да помине со едно полнење на батеријата. Доколку ставите повеќе батерии, мотоциклот ќе биде потежок но и поскап.

Исто така, пазарот на електрични супербајк модели во моментов ми делува дека е преполн.  Lightning ветија дека од летово ќе почнат со дистрибуција на моделот Strike а исто така и Energica е одлично позиционирана на пазарот. Да не го заборавиме само и фактот колку луѓе кои сакаат да вложат сериозни средства за да купат мотоцикл ќе сакаат да имаат електричен модел.  Да вложите 25 илјади долари за Energica со кој ќе можете да поминете само 125 милји ми се чини како прилично скапа играчка.

Очекувам Ducati да престави некој интересен спортски мотоцикл само колку да привлече внимание а потоа да направи неколку попрактични електрични модели, слично како што во моментов прави Harley-Davidson. Во меѓувреме, оние од нас кои живеат во Европа и Азија, додека го чекаме она вистинското, ќе имаме можност да се возиме со електричен скутер на Ducati.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Марк Маркез успеа да стигне до нова победа а поради грешката на неговиот тимски колега, трката не успеаа да ја завршат Андреа Довициозо и двајцата возачи на Yamaha.

„Голема штета“ – Валентино Роси беше соборен од мотоциклот на Хорхе Лоренцо.

„Ако гледате отстрана, ќе видите луѓето како велат што прави Лоренцо? Но јас не размислувам така.“ – Хорхе Лоренцо пронајде неочекуван сојузник во Марк Маркез по трката во Каталуња.

На ред е седмата рунда од МотоГП шампионатот која викендов ќе се вози на патеката Каталуња во близина на Барселона.

Валентино Роси вели дека нема причина за загриженост околу неговата иднина во Премиерната класа и покрај тоа што го имаше можеби најлошиот викенд во неговата 23 годишна кариера.

Нашите извори од MotoGP гаражите откриваат дека би можело да има големи промени на патеката во сезоната 2020.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.