Ако верувате во гласините кои се појавуваат на интернет, тогаш наскоро ќе ни пристигне нова Honda Africa Twin.

Веста ни доаѓа од Британскиот „Bike Social“ кој вели дека овој авантуристики мотоцикл ќе доживее неколку промени за сезоната 2020. Поточно, Honda Africa Twin ќе добие зголемување на својата моќност за 5 коњски сили со што машината ќе има речиси 100hp.

Она што е уште поважно е фактот дека ова ќе помогне мотоциклот да биде во согласност со Euro5 регулациите кои ќе ги направат уште построги правилата за емисија на штетни гасови. Бидејќи досега немаме видено вакви промени кај останатите производители, тешко е да се претпостави какви ќе бидат перформансите на новата Africa Twin, кога или ако воопшто се појави на пазарот. Но со сигурност можеме да кажеме дека мотоциклите ќе имаат значително помала моќност освен доколку немаат нов мотор со поголем капацитет.

Honda Africa Twin Txt 22 02

Се очекува мотоциклот да има и други промени кои ќе го освежат неговиот изглед, како што се нов TFT екран,  старт на мотоциклот без клуч како и нова двојна трансмисија (DCT). Од „BikeSocial “ велат и дека резервоарот за гориво ќе биде зголемен и ќе собира плус уште едно литро гориво.

Голем дел од овие промени веќе ги имаме видено и кај други мотоцикли на Honda. Екранот го има кај CBR1000RR а DTC сигурно ќе се најде кај третата генерација на Honda Gold Wing.

Сите овие додатоци би требало да и помогнат на Africa Twin да направи разлика во однос на останатите модели од оваа категорија, особено во однос на KTM 790 Adventure и Yamaha Ténéré 700.

Во моментов, КТМ води во оваа категорија благодарение на тоа што нуди мотоцикли кои имаат одлични перформанси но и прифатлива цена. Yamaha, секако кога ќе се појави на пазарот, ќе понуди нешто за оние кои се со ограничен буџет. Овие два модели ќе имаат големо влијание врз цената на новиот Africa Twin.

KTM и Yamaha во моментов имаат голема корист од моделите кои ги нудат на пазарот. Ќе биде интересно да видиме како на ова ќе се спротистави Honda.

Back To Top