Ова е долгоочекуваниот V4 Streetfighter модел на Ducati.

Ова е долгоочекуваниот V4 Streetfighter модел на Ducati а мотоциклот денеска беше преставен во нивната фабрика во Болоња. Оваа машина го има истиот 1103cc мотор со течно ладење кој може да се најде и кај Panigale V4 линијата.

Новиот мотоцикл ќе биде достапен во две варијатни: Стандардна и „S“ верзија. Доколку пак го опремите со тркачкиот издувен систем од Акраповиќ, мотоциклот може да има моќност од 220 коњски сили.

Ducati Streetfighter V4 txt 1 29 10

Покрај поголемата моќност, издувниот систем исто така ќе ја намали и тежината на машината за дури шест килограми. Со ова ќе се подоби забрзувањето но и управувањето со мотоциклот.

По цена од 20000 и 23000 евра, двете верзии на новата машина ќе имаат 208hp како и 90.4ftlb при 11,500rpm. И двата мотоцикли ќе имаат двојни аеродинамични крилца.

Ducati Streetfighter V4 txt 2 29 10

Двете машини ќе имаат слична боја а единствено ќе се раздвојуваат по суспензијата и бандашите.

S верзијата ќе биде опремена со Ducati Electronic Evo, кој се состои од: Öhlins NIX-30 вилушка, TTX 36 амортизер како и Öhlins Smart EC 2.0 контролен систем. Тука се исто така и алуминиумските Marchesini тркала.

Стандардната верзија е опремена со целосно прилагодлива 43mm Showa BPF вилушка како и прилагодлив Sachs заден амортизер.

И двата мотоцикли ќе го имаат најновиот електронски пакет на Ducati, надополнет со 6-axis IMU. Пакетот се состои од ABS сопирачки, контрола на тракцијата, моторно сопирање како и најнов менувач.

Ducati Streetfighter V4 txt 3 29 10

Ducati вели дека предниот дел на мотоциклот е инспириран од лицето на Џокер а го има и истото предно светло кое може да се најде и кај V4 и Supersport линијата. Мотоциклот исто така има и 5 инчен TFT екран кој го има и кај Panigale V4. За да се обезбеди поголем комфорт, држачите за нозе се поместени а висината на седиштето изнесува 845 милиметри.

Back To Top