Ducati престави лимитирана верзија на Diavel 1260 во чест на сестринската компанија, Lamborghini.

Ducati Diavel Lamborghini ќе биде произведен во само 630 примероци во чест на Lamborghini кој беше формиран во 1963 година. Секој од мотоциклите ќе има компоненти изработени од јаглеродни влакна како и посебен број.

Машината е офарбана во боја наречена „Gea green“, исто како и Lamborghini Sián FKP 37 кој беше преставен минатата година. Автомобилот исто така служи и како инспирација за златната рамка, бандажи и врвот на издувот.

Diavel Lamborghini 01

Моторот е во согласност со Euro5 стандардот а машината е опремена со Öhlins суспензија напред и позади како и Brembo сопирачки. Моќноста која доаѓа од 1262cc Testastretta моторот останува иста, 159bhp with 95lb.ft of torque.

Исто така ги добивате и сите додатоци кои доаѓаат со стандардниот 1260 S, вклучувајќи up/down менувач, 6 оскен IMU како и TFT екран.

Засега се уште не се знае кога Diavel Lamborghini ќе се најде во продавниците и која ќе биде неговата цена.

Back To Top