Дукати направи фантастична забава за презентацијата на новиот Scrambler во Италија. Бевме дел од одбрана група која уживаше во италијанската префинетост, стил и начин на живот наречен Ducati Scrambler.

ducati-scrambler-21

Дукати направи фантастична забава за презентацијата на новиот Scrambler во Италија. Бевме дел од одбрана група која уживаше во италијанската префинетост, стил и начин на живот наречен Ducati Scrambler.

Со новиот Дукати Скрамблер имавме прилика да се запознаеме на саемот Интермот во Келн минатиот месец, но промоцијата за италијанската публика беше еден ден пред почетокот на саемот ЕИКМА во Милано. Приватна забава за привилигирана група на луѓе во која се најдовме благодарение на увозникот на Дукати за Македонија, компанијата Динамикс од Скопје.

Дождливото време во Милано воопшто не навестуваше забава која ќе го подигне расположението кај мото ентузијастите пред почетокот на саемот за мотори. Дукати на најдобар можен начин го промовираше новиот модел, преку забава на која посетителите можеа одблиску да се запознаат со сите варијанти на новиот Scrambler (ги има четири: Scrambler Icon, Urban Enduro, Scrambler Full Throttle и Scrambler Classic), со аксесоарите кои се достапни за купување, па дури и со луѓето кои го изработиле новиот модел. 

Новиот модел на Scrambler може да биде ваш за цена од 8.500 до 9.800 евра, во зависност од моделот за кој ќе се одлучите. Во Динамикс веќе можете да го нарачате, но првата пратка се очекува да пристигне во Скопје на почетокот на март 2015 година.

На маратонската забава беа присутни и тројцата наградени од акцијата „Scrambler You Are“ за своите видеа кои најдобро го доловија духот на новиот модел. Шармот на забавата го направи изборот на песни од атрактивната диџејка, а за целосното уживање од Дукати служеа и брендирано пиво. Забава на која имаше многу насмеани лица, прекрасни мотори, вкусни шпагети, па дури и бербер кој ги потстрижуваше гостите. Одличното искуство се обидовме да го доловиме преку фотографиите кои се во галеријата во продолжение:

Back To Top