Минатата недела Ducati ja објави својата нова програма наречена Ducati Unica преку која им овозможува на купувачите да си ги персонализираат своите нови мотори, директно во фабрика во Болоња. 

Ducati Unica main

Секој испорачан мотор дел од оваа програма ќе си има свој сертификат за уникатност а со тоа и се разбира зголемена вредност, пред се за сопственикот кој го нарачува. 

Новите купувачи ќе може да си избираат различни бои и дизајни, материјали, перформанс делови и многиу повеќе од тоа. За уникатниот изглед ќе бидат директно задолжени дизјанерите од Болоња а италијанците истакнуваат дека секој дел од процесот ќе биде документиран, вклучувајќи ги и иницијалните скици и дизајни. 

Ducati Unica italy

Во објавените примери Ducati веќе прикажаа Superleggera V4 со провокативна сина боја која наиде на доста коментари по објавата. дополнително иницијалната објава прикажа и еден Streetfighter V4 во боите на италијанското знаме нанесено дури и на клештите на Brembo сопирачките. 

Ducati Unica V4

Нормално, во самата најва, следуваше предупредување дека како дел од оваа програма ќе може да се вклучат строго ограничен број на купувачи во текот на годината а нарачките одат преку локалните дилери. 

Можеби некој ќе рече Ducati е црвено и ништо друго... ама сепак, уникат си е уникат а и Ducati си е Ducati. 

Back To Top