Во изминативе две години, BMW тивко работи на мотоцикл кој ќе има електричен погон.

Во изминативе две години, BMW тивко работи на мотоцикл кој ќе има електричен погон. Резултатот е ова: E-Power Roadster концептот, еден вид на машина која се наоѓа некаде на половина помеѓу DC Roadster концептот кој го видовме на почетокот на оваа година и евентуалниот електричен мотоцикл кој би можеле да го видиме во блиска иднина.

Оваа машина некако повеќе изгледа како да е склопена од неколку различни мотоцикли. Предниот дел доаѓа од S1000R додека пак задниот дел од R1200RS. Рамката е специјално направена додека пак за моќноста е позајмен дел кој доаѓа од автомобилскиот сегмент на BMW.

Моќен како S1000RR

Можеби ви изгледа чудно но на крајот имаме мотоцикл кој тежи 290 килограми, што воопшто не е лошо за прототип на електричен мотоцикл кој има целосна безбедносна опрема. Од компанијата велат дека тежината би можела да се намали за 30 килограми.

Самата батерија, која се наоѓа во метална кутија, има капацитет од 13Kw и е поврзана сo моторот. Оваа машина од 0 до 100 км/ч може да развие за само 2.9 секунди. Тоа е за 0.2 секунди побавно од S1000RR.

Способност за брзо полнење

bmw e roadster txt 1 13 12

Како и кај сите електрични мотоцикли, најголем проблем е полнењето на батеријата. Roadster може брзо да се полни. Проблем може да преставува тоа што ако батеријата достигне температура од 40 степени, почнува бавно да се полни но од BMW велат дека работат на тоа да го подобрат вентилацискиот систем и да го решат овој проблем.

Каков е за возење

bmw e roadster txt 2 13 12

Со мало притискање на рачката, E-Power Roadster веднаш забрзува. За да го тестира овој мотоцикл, од BMW решија еден нивни тест возач да настапи со S1000R, кој со своите 162 коњски сили воопшто не е за потценување. Нo веднаш после самиот старт, концептот излезе во предност која не ја испушти до самиот крај.

Електричната иднина на BMW

bmw e roadster txt 3 13 12

„Навистина сме среќни со она што го постигнавме со C evolution “, изјави првиот човек на BMW Motorrad, Кристоф Лишка. „ E-Power Roadster е одличен мотоцикл за сите оние кои сакаат да возат низ планина и да уживаат во возењето. Но за ваква дестинација, мотоциклот мора да може да помине 200 километри. Затоа нема да го пуштиме во продажба се додека неговиот опсег не биде помеѓу 200 и 300 километри возење. Во моментов пазарот но и инфраструктурата која би можела да поддржи ваква машина не е подготвена.“

„Не сакаме да бидеме како Tesla и насекаде да инсталираме брзи полначи бидејќи тоа е голем трошок. Ние сакаме да заработиме пари а не да трошиме.“

Back To Top