Продолжувајќи ја темата „Моделите F повеќе не се во мода“, Honda одлучи за сезоната 2019 да ја замени верзијата CBR650F со CBR650R.

Овој модел сите механички делови ги дели со соголениот Honda CB650S, вклучувајќи ги тука моторот, подобрувањата кај протокот на гориво, 5 % поголема моќност како и намалување на целокупната тежина за 6 килограми.

Севкупно, тоа значи подобрување на односот моќност-тежина за 8 проценти што е сосема доволно да ја почуствувате разликата додека возите некаде на автопат.

Исто како и кај моделот CB650R, и оваа верзија има малку поголема агресивност. Тој е исто така понизок, а висината на седиштето останува на 810 милиметри.

Honda CBR650R 10

Новиот CBR650R е обид на Honda да ја поправи штетата која настана со верзијата CBR600RR. Ако моделот CBR600F продолжеше со производство, сигурно ќе се најдеше тука. Додадете го на оваа комбинација со менувачот и тогаш би можеле да добиеме одличен спортски мотоцикл за сезоната 2019.

Back To Top