За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Шасијата, моторот како и системот за сопирање на мотоциклот доаѓаат од моделот MV Agusta F3 800 а жолтите светла се инспирирани од седумдесетите години на минатиот век.

Super Veloce 800 2

Судирот на новата и старата технологија може да се види и на други места. MV Agusta Superveloce има нов TFT екран но го задржува класичниот изглед на резервоарот.    

Позицијата на седење и возење е преземена од MV Agusta F3 800 но држачите за нозе се прилагодени за да му одговараат на возачот.

Back To Top