Harley-Davidson е еден од неколкуте големи производители кои планираат да се посветат на производство на електрични мотоцикли. Досега единствено КТМ претстави електрична верзија на еден од своите главни мотоцикли додека пак BMW претстави електричен скутер.

Извршниот директор на Harley-Davidson, Метју Леватич, денеска ни откри неколку интересни работи. Првата вест е дека ќе ја затворат фабриката во Канзас и ќе ја консолидираат работата на фабриката во Пенсилвенија додека пак втората, уште поважна е дека во следните 18 месеци на пазарот ќе се појави првиот електричен мотоцикл. Ова значи дека компанијата го враќа во живот концептот „Livewire“.

Harley Davidson Livewire electric motorcycle 08

Harley-Davidson доби позитивни реакции од јавноста кога за прв пат го најави проектот. Првиот концепт беше создаден од компанијата „Mission Motors“ која веќе не постои па ќе биде навистина интересно како Harley планира да продолжи со проектот.

Дали познатиот американски бренд планира сам да го создаде мотоциклот? Дали ќе пронајдат стратешки партнер?

Овие прашања ќе имаат големо влијание на успехот на електричните мотоцикли на Harley, а исто така ќе покажат и колку е сериозна американската компанија во однос на својата електрична иднина.

Harley-Davidson е еден од неколкуте големи производители кои планираат да се посветат на производство на електрични мотоцикли. Досега единствено КТМ претстави електрична верзија на еден од своите главни мотоцикли додека пак BMW претстави електричен скутер.

Слични најави има и од Јапонските компании но во моментов се уште нема ништо конкретно. Најава за електричен мотоцикл има и од Ducati.

Back To Top