Мотоцикли

[галерија] Aprilia RS 660 2020

Конечно го видовме еден од најочекуваните мотоцикли.

Следете нè на:

 

Конечно го видовме еден од најочекуваните мотоцикли.

На EICMA шоуто, Aprilia го престави 2020 Aprilia RS 660 кој се очекува да направи вистински бум во својата категорија. Сега откако ги знаеме спецификациите, убедени сме дека тоа и ќе се оствари.

Погледнете го само ова: 100hp од 660cc parallel-twin мотор. Целиот пакет тежи 168 килограми и јасно е дека Aprilia RS 660 ќе биде лидер во својата категорија. Но изненадувањата на Италијанската компанија не завршуваат тука.

2020 Aprilia RS 660 има APRC електронски пакет, контрола на предното тркало, ABS сопирачки, контрола на патувањето како и неколку режими на возење.

2020 Aprilia RS 660 04

Секако, главниот дел е 660cc parallel-twin моторот. Предниот цилиндар на моторот доаѓа од RSV4 супербајк машината. Aprilia RS 660 има многу сличности со овој мотоцикл кога станува збор за архитектурата на моторот.

Изгледот на мотоциклот не е многу променет во однос на концепт верзијата. Иако ги нема истите аеродинамични крилца, сепак надворешните додатоци кои ги има оваа машина ја подобруваат стабилноста. Надворешните додатоци исто така го подобруваат и комфорот на возачот. Тие имаат задача да го одвлекуваат топлиот воздух од возачот а исто така овозможуваат и подобро струење на воздухот кога возите со поголема брзина.

Мотоциклот напред има Kayaba вилушка додека пак за системот за сопирањето доаѓа од Brembo. Машината има и 320mm дискови.

Меѓу другите додатоци се и LED светлата како и 5 инчниот TFT екран. RS 660 е достапен и во портокалово-црвена боја.

Цената на овој мотоцикл останува главното прашање. Лесно е да креирате мотоцикл кој ќе има многу додатоци но и голема моќност но работите многу се менуваат доколку мотоциклот има висока цена.

Очекуваме да го видиме Aprilia RS 660 во Македонија некаде на лето или на есен следната година.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На почетокот од месецов во Скопје се оддржа првиот Тренинг за безбедно управување мотоцикли во организација на мото клубот Безбедност.

Хорхе Лоренцо ќе се повлече од мото трките.

Валентино Роси дојде до моментот кога треба да одлучи  дали ќе ја продолжи MotoGP кариерата или ќе замине во пензија. Поранешниот ривал Макс Бијаџи има поинаква идеја.

Меморандумот ги поставува основите за нова земја да може да се приклучи на календарот.

EICMA не е само најдоброто место каде што можат да се видат најновите мотоцикли туку е и одлична можност за тимовите да ги престават своите нови возачи.

После 18 трки низ 15 различни држави, голем број на победи, возбудувања и Motul Super Fan настапи, дојдовме до финалната трка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.