Чекањето конечно заврши бидејќи Yamaha YZF-R6 2017 дебитираше денеска на мото шоуто AIMExpo кое се оддржува во Орландо, Флорида. Како и што се очекуваше, изгледот на Yamaha R6 има малку позајмено од моделот R1.

Чекањето конечно заврши бидејќи Yamaha YZF-R6 2017 дебитираше денеска на мото шоуто AIMExpo кое се оддржува во Орландо, Флорида. Како и што се очекуваше, изгледот на Yamaha R6 има малку позајмено од моделот R1.

Во однос на техничката страна, Yamaha R6 2017 е повеќе еволуција отколку револуција. Основната шасија и конфигурација на моторот остануваат исти. Сепак, промените на моделот за 2017 година вклучуваат променета суспензија, ABS сопирачки, модели на возење, контрола на тракцијата и уште многу други работи.

2017 Yamaha YZF R6 blue 03

Иако може да се каже дека ова е само подобрен модел, а не комплетно нов мотоцикл, Yamaha вложи голем труд да ја подобри машината која веќе е лидер во суперспорт категоријата. Најочигледните промени се визуелниот дел. Моделот R6 сега го дели истиот дизајнерски јазик како и Yamaha YZF-R1 2015.

Тоа значи комплетно нов распоред на LED светлата, а тука се вклучени и трепкачите за лево и десно. Дизајнот за вбризгување на гориво би требало да им изгледа познато на MotoGP фановите. YZR-M1 сега го дели истиот дизајн како и новиот  YZF-R6.

Yamaha вели дека новиот изглед е аеродинамичен и го намалува триењето на воздухот за 8 %.  И задниот дел на мотоциклот би требало да им биде познат на фановите на моделот R1. Yamaha едноставно го ископира тој дизајн и го вметна на новиот, 600cc спортски мотоцикл.

Yamaha исто така ги користи и комплетно прилагодливите, KYB 43mm, вилушки кои може да се најдат кај Yamaha YZF-R1. Сепак тие се прилагодени за уникатните карактеристики на R6. Предниот амортизер е исто така од KYB и е комплетно прилагодлив.

Во однос на останатите промени на шасијата, ги имаме новиот алуминиумски резервоар за гориво и нова под рамка.

Но она по што ќе се разликува овој мотоцикл од неговите претходници е додавањето на неколку електронски системи меѓу кои е и новата контрола на тракцијата.  Од Yamaha велат дека системот за контрола на тракција кај R6 може да ја пресмета промената на дијаметарот на пневматиците. Системот има шест контролни нивоа а доколку сакате некои може да се исклучат.

Системот „ ride-by-wire “овозможува три начини на возење.

Новата Yamaha YZF-R6 има и „quickshifter“ кој доаѓа како додаток и може да се инсталира во продавниците на Yamaha. Овој мотоцикл ќе биде достапен во март 2017 година, а за цената во овластениот увозник на Јамаха за Македонија - Мото Азуро, навремено ќе ве информираме.

Back To Top