motori kawasaki-ninja-300-2013-10Новата Kawasaki Ninja 300 за 2013-та година ќе носи агрегат од 296цц и се очекува да има значително поголем удел во продажбата во овој сегмент на мотоцикли за почетници со оглед на изгледот и перформансите кои ги нуди моделот.

kawasaki-ninja-300-2013-10

{gallery}ninja300{/gallery} 

Новата Kawasaki Ninja 300 за 2013-та година ќе носи агрегат од 296цц и се очекува да има значително поголем удел во продажбата во овој сегмент на мотоцикли за почетници со оглед на изгледот и перформансите кои ги нуди моделот. Новата Ninja 300 е наследник да добро познатата 250-ка, а моделот се одликува со неколку подобрувања во однос на минатиот модел од кои позначајни се:

- Паралелен твин мотор со електронско вбризгување и двојни вентили
- Агрегат со зголемена зафатнина (296цц)
- Супериорно забрзување и крајна брзина која ќе биде најголема во класата
- Нов рам за зголемена стабилност
- Поширока задна гума (140мм)
- Намалени вибрации
- Спортски изглед со пресликување на неколку делови од ZX-10R, ZX-6R како и ZZR1400 

Цената на моделот сеуште не е позната, но сигурни сме дека ќе видиме барем неколку вакви модели по македонските патишта

Back To Top