Мотоцикли

Harley-Davidson ги претстави моделите за сезоната 2017

Главниот мотоцикл на Harley-Davidson за сезоната 2017, Milwaukee Eight, беше објавен во весниците пред неколку недели. И покрај тоа што најмногу се зборуваше за моторот, неколку работи беа заборавени да се спомнат.

Следете нè на:

 

Главниот мотоцикл на Harley-Davidson за сезоната 2017, Milwaukee Eight, беше објавен во весниците пред неколку недели. И покрај тоа што најмногу се зборуваше за моторот, неколку работи беа заборавени да се спомнат.

Прво, сите туринг модели имаат нова суспензија за да се подобри комфорот, контролата и перформансите. Новите задни амортизери апсорбираат за 15 до 30 проценти повеќе отколку претходните модели, а со помош на едно копче можете да ги прилагодите пред да се качите на мотоциклот.

street2017 Harley-Davidson Street Glide Special

„Сега ќе можете да ги прилагодите без да ви треба алат или воздушна пумпа,“ изјави Пол Џејмс, директор за планирање во Harley – Davidson. „Откако еднаш ќе го поставите, потоа нема да морате повторно да го прилагодувате.“

Предната суспензија е составена од нова „Showa SDBV“ технологија која овозможува одлични перформанси и го намалува притисокот.

Можете да набавите и голем број на компоненти кои ќе ги подобрат перформансите како што се Stage I, II и III, за кои Harley вели дека ќе го зголемат бројот на вртежи за дури 24 проценти.

electra2017 Harley-Davidson Electra Glide Ultra Classic

За оние кои немаат многу пари, моделите „Custom Vehicle Operations “ ги комбинираат престижот и перформансите. Моделите CVO го имаат новиот „Milwaukee-Eight 114“ мотор со двојно ладење.

„CVO Street Glide“ има аудио систем, променет изглед на седиштето и вилушка која може да се контролира со помош на еден безбедносен клуч.

„The CVO Pro Street Breakout“ е опремен со  Twin Cam 110B, V-Twin мотор со воздушно ладење.

Harley-Davidson 500 и 750 уличните модели имаат и ABS сопирачки како и „Smart Security System.“

Кај крузерите, „Twin Cam 103“ останува стандарден за сите „Softail и Dyna“ модели освен за сериите „Street Bob и S“ кои имаат „Twin Cam 110“ мотор.

roadglide2017 Harley-Davidson Road Glide

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.