Мотоцикли

Harley-Davidson Pan America & Streetfighter

Нашите пријатели од Холандија, Nieuwsmotor, само што ни ги испратија овие фотографии а на нив може да се видат два нови модели на Harley-Davidson, авантуристичкиот Pan America и спортскиот, Streetfighter.

Следете нè на:

 

Нашите пријатели од Холандија, Nieuwsmotor, само што ни ги испратија овие фотографии а на нив може да се видат два нови модели на Harley-Davidson, авантуристичкиот Pan America и спортскиот, Streetfighter.

Нашите пријатели од Холандија, Nieuwsmotor, само што ни ги испратија овие фотографии а на нив може да се видат два нови модели на Harley-Davidson, авантуристичкиот Pan America и спортскиот, Streetfighter.

И двата мотоцикли се дел од некаква изложба која има за цел да ги потенцира резервните делови кои се достапни за овие модели. Но има една работа која е уште поинтересна а тоа е дека ова е прво преставување на овие два мотоцикли.

Од она што можеме да го забележиме на прв поглед е тоа дека нема големи промени кај овие два мотоцикли во споредба со верзиите кои компанијата ни ги престави пред околу една година.

harley davidson streetfighter prototype txt 23 08

Ова е истовремено добро и лошо бидејќи од една страна значи дека мотоциклите се во последната фаза од развојот. Но од друга страна пак не добивме одговор на критиките кои се појавија кога прв пат дебитираа овие мотоцикли.

Можеме да очекуваме Pan America и Streetfighter моделите да го имаат своето официјално деби во текот на оваа година, најверојатно на EICMA шоуто во Милано, со цел да бидат подготвени за сезоната 2020.

Исто како и со Livewire, Harley-Davidson и сега не соопштува премногу информации за моделите. Она што го знаеме е дека Streetfighter има нов 975cc мотор со течно ладење додека пак Pan America ќе биде опремен со 1,250cc v-twin мотор.

Во однос на изгледот и естетиката, мотоциклуите не се премногу далеку од она што е препознатливо за Harley-Davidson. Зависно од тоа како гледате на работите, ова може да биде добро и лошо.

Со моделите како што се Pan America и Streetfighter, компанијата се надева дека ќе привлече нова генерација на возачи но се чини дека Американската компанија се уште не сака да направи драстична промена. Само времето ќе покаже дали е ова исправен потег на Harley-Davidson.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Секој возач кој освоил шампионска титула заслужува ваква можност“ – Алберто Пуиг.

Некои приказни се навистина импресивни.

Резултати од Гран При трката на Валенсија. Уште еден импресивен настап на шампионот Марк Маркез.

Според најновите информации кои ни доаѓаат од MotoGP, Repsol Honda го одбра Алекс Маркез да настапи покрај неговиот брат Марк во сезоната 2020.

На почетокот од месецов во Скопје се оддржа првиот Тренинг за безбедно управување мотоцикли во организација на мото клубот Безбедност.

Хорхе Лоренцо ќе се повлече од мото трките.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.