Мотоцикли

Honda EZ-Snow: Кога мотоциклот е вашиот живот а надвор врне снег

Легендарниот модел на Honda, Cub, има неколку верзии. Буквално, низ целиот свет постојат неколку милиони вакви мотоцикли а кога ќе дојде судниот ден, на планетата ќе останат само неколку мали животни и моделите на Honda Cub.

Следете нè на:

 

 

Денеска, додека разгледував нешто на интернет, најдов нешто многу интересно: два офроуд Cub модела за кој досега немав воопшто слушнато. Пријатели, дозволете ми да ви раскажам нешто повеќе за EZ 90 и the EZ-Snow.

Honda за прв пат го претстави EZ 90 во 1991 година и го продаваше ширум светот се до 1996 година. Тој беше одличен оф роуд мотоцикл со кој можете да возите по секакви терени. Опремен е со 90cc дво-тактен мотор кој има автоматска трансмисија. Каросеријата на мотоциклот многу потсетува на моделите од 90-те години на минатиот век а да биде уште поинтересно, имаше и копче за старт на мотоциклот.

Како ова да не е доволно, Honda за овој модел обезбедила и комплетна опрема за возење по снег. На интернет можат да се најдат многу малку информации за опремата но она што успеав да го пронајдам, можам да кажам дека е помалку контрадикторно. Honda го прикажа EZ-Snow кратко време откако EZ 90 се најде на пазарот. Според едни верзии, беше произведена само специјална опрема додека пак според други, направени беа 250 до 300 модели кои се продаваа само во Јапонија.

EZ-Snows очигледно постои а тоа можеме да го потврдиме и на видеото подолу. Но тешко е да се каже дали се продаваше како посебна опрема или пак целосен мотоцикл.Без разлика, за мене ова е одличен мотоцикл. EZ-Snow изгледа навистина забавно и би сакам да имам еден ваков мотоцикл. Успеав да најдам на продажба неколку EZ 90 мотоцикли по разумна цена и мислам дека би било добра идеја да купам еден како подарок за моите деца. Можеби дури и ќе успеам да ја најдам и опремата за возење по снег. Тогаш никогаш не би имал причина да запрам со возењето.

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.