На INTERMOT шоуто кое се оддржа во Келн, Германја, Honda ни ги претстави премиум и хомологациските модели, а на мото шоуто EICMA, конечно можевме да го видиме основниот модел на Honda CBR1000RR.

На INTERMOT шоуто кое се оддржа во Келн, Германја, Honda ни ги претстави премиум и хомологациските модели, а на мото шоуто EICMA, конечно можевме да го видиме основниот модел на Honda CBR1000RR.

EICMA 2016 2

Како што можевме и да очекуваме, основниот модел на Honda CBR1000RR користи суспензија и сопирачки со пониски спецификации отколку SP моделот. Но за среќа, ги задржи сите други подобрувања во однос на моторот, шасијата и електрониката. Меѓу нив се вклучени и титаниумскиот резервоар, внатрешните модификации на моторот и новите бандаши. Honda CBR1000RR 2017 има 190 коњски сили и тежина од 195 килограми.

Во однос на промените, мотоциклот има 43mm, BPF, Showa вилушка напред, а предните сопирачките користат четири клипни „Tokico“ дискови.

Како што веќе видовме и кај моделите SP и SP2, основниот модел на Honda CBR1000RR ќе има радијални сопирачки како и пет-оскино IMU кое ќе помогне во контролата на тракцијата.

Употребата на ABS сопирачките ќе зависи од возачот, а Honda им остава можност на возачите од Америка доколку сакаат да не ги употребуваат, додека пак моделите за пазарот во Европа ќе бидат со задолителен ABS. Мотоциклот има опција и да се додаде и „quickshifter“.

Се уште не се знае која ќе биде неговата цена на пазарот во Македонија. Очекувајте наскоро дополнителни информации.

Back To Top