Дали сакаш евтин електричен скутер произведен од голема корпорација?  Ќе мора само да почекаш до следната година бидејќи Honda неодамна ја потврди намерата да произведе електричен скутер.

Генералниот директор на компанијата, Такахиро Хачиго, во говорот кој го имаше на Honda Meeting 2017 и официјално го потврди новиот скутер. Неговиот говор воглавно беше посветен кон промовирање на електричните автомобили но оваа промена ќе биде застапена  и кај мото секторот, а првиот електричен мотоцикл ќе се појави на пазарот следната година.

hondafeature 770x440

„Ние се стремиме да ги промовираме електичните превозни средства и во следната година планираме да претставиме неколку електрични модели вклучувајќи го и електричниот скутер. Во моментов сме посветени на неговиот развој а можам да потврдам дека мотоциклот ќе има пренослива батерија која многу лесно ќе се полни. Планираме да ја тестираме оваа батерија во соработка со Јapan Post Co., Ltd, “ изјави Хачиго.

„Драго ни е што компанијата ќе ја користи истата идеја што ја користи и Gogoro скутерот  чии што батерии многу побрзо се полнат. Но доколку не ви се допаѓа изгледот на Gogoro, можеби ќе ви се допадне Hondas EV-CUB. “

hondainsert2

Да, 2015 EV-CUB многу веројатно ќе биде новиот електричен скутер на Honda, а и сигурно ќе претпри некои измени до моментот кога ќе се најде во производство. Но компанијата не планира да застане тука. Вториот електричен скутер кој го спомна Хачиго ќе биде специјално направен за поштенската служба на Јапонија.

Има гласини дека и следната верзија на Honda Goldwing ќе биде хибрид чиј што 1200cc мотор ќе биде соединет со електромотор. Оваа конфигурација за прв пат се појави кај New Wing трициклот.

Back To Top