Пред десетина години, ако сакавте „bagger“ мотоцикл, Harley ви беше единствената опција но сега работите се променети. Негов најблизок ривал е Indian Chieftain, а формулата за ваков мотоцикл  е прилично иста. Но новиот BMW K1600 Bagger е комплетно различен.

Од технолошка гледна точка, Harley не е никаква конкуренција на BMW. И покрај тоа што беше претставен оваа година и има целосно нова платформа, електрониката на Harley се состои само од ABS. Кај BMW пак работите се поинакви. Можеби неговата цена изнесува приближно 24.000 евра, но затоа добивате контрола на тракцијата, електронска суспензија, стартување на мотоциклот без клуч, греачи на рачки и седиште, електрично ветробранско стакло, централна брава и LED светла за возење во магла. Исто така има и GPS, Bluetooth и радио.

2018 bmw k 1600 b bagger price 1

Во однос на практичноста при возењето, BMW има речиси двојно поголема моќ од 107 Milwaukee-Eight плус и 10% поголем број на вртежи. Возењето е помазно благодарение на ESA, сопирачките се подобри (благодарение на ABS Pro), седиштето е многу поудобно, а и страничните куфери имаат подобар изглед. Единственото нешто што е подобро кај Harly е звукот кој излегува од издувот.

Неговата боја е прекрасна и секогаш привлекува внимание каде и да се појави. Единствената послаба страна е радиото кое не е толку силно во споредба со Harley.

Back To Top