Динамикс започна со увоз на гасеници за снег за сите модели на четвороцикли, а првиот модел кој ја доби надградбата е Kawasaki Brute Force 750 4x4 2014.
Динамикс започна со увоз на гасеници за снег за сите модели на четвороцикли, а првиот модел кој ја доби надградбата е Kawasaki Brute Force 750 4x4 2014.
Kawasaki Brute Force 750 4x4 е фантастичен четвороцикл сам по себе, а дополнувањето со снежниот кит го вади максималното задоволство од ѕверот. Гасениците се од врвно производство, доаѓаат со две години гаранција и обезбеден сервис. Монтажата и демонтажата на китот се прави за неполн час што ќе ви овозможи брза конверзија на возило кое можете да го возите по пат и снежно превозно средство со кое ќе ги поминете најголемите препреки.
Изложениот модел доаѓа со китот плус четири гуми со алуминиумски бандажи. Потоа тука е макарата со која може да се влече до 1.5 тон, квадот доаѓа со торби за задниот багажник, како и кука за влечење. Цената на ова задоволство е 15.500 евра.
Гасениците односно снежниот кит може да се нарача за било кој четвороцикл. Доаѓаат со гаранција од 2 години, обезбеден сервис, и можност за монтажа на вашата локација. Целиот кит чини 4500 евра, а испораката е за 2 недели доколку се нарача веднаш. Заради Божиќните празници втората испорака би била кон крајот на јануари или почетокот на февруари.