На саемот ЕИЦМА во Милано Кавасаки го претстави својот прв скутер под името Kawasaki J300.

kawasaki-eicma2013-63

На саемот „EICMA“ во Милано Кавасаки го претстави својот прв скутер под името Kawasaki J300.

Она што подолго време се заговараше конечно се оствари во 2013, Кавасаки навлезе во сегментот на скутери. Уште во месец октомври излегоа првите шпекулации дека Кавасаки работи на производство на нов скутер, за веднаш потоа да имаме прилика да се увериме со сопствени очи, Kawasaki J300 беше пред нас.

Како што изјави и извршиот директор на Кавасаки на презентацијата, идејата е Кавасаки на своите дистрибутери да им овозможи услуга во секој сегмент за потенцијалните клиенти. Новиот скутер е само дел од она што не очекува во иднина од Кавасаки, дополни тој.

Причината зошто од идејата до рализацијата помина незначително време е тоа што Кавасаки го понуди новиот скутер само за Европскиот пазар. Всушност под прекрасните Кавасаки пластики се крие одличниот и квалитетен Kymco Downtown 300i.

Соработката на Кавасаки и Кимко не е нова, а за овој проект заслужни се одличните перформанси на моделот Downtown 300i кој во целост е искористен како основа за J300. Клонот на Кимко има изглед кој е мотивиран од спортистот во семејството, Kawasaki Ninja. Оклопите, фаровите, жмигавците, па дури и ветробранот потсетува на дизајнот кој провејува низ целата гама на Kawasaki Ninja.

Под пластиките се наоѓа челичен рам, за амортизацијата се задолжени 37 милиметарски предни вилушки и амортизери кои се подесуваат според потребите. 14 инчен преден бандаж и 13 инчен заден со гуми 120/80 и 150/70, а кочењето е благодарение на единечен диск од 260мм напред и 240мм назад. За оние на кои ова не им е доволно тука е и опционалниот „ABS“ систем.

Агрегатот е со зафатнина од 299цм3, развива 32кс и нема никаков проблем со тежината од 190кг. Впрочем крајната брзина од 140км/ч која е декларирана е поткрепена и со GPS мерење. Kај застапникот на Кимко за Македонија (НОВ МОДЕЛ од Куманово) Kymco Downtown 300i се продава по цена од 4.490 €, па неговиот зелен клон се очекува да чини повеќе.

Back To Top