Оние кои немаа среќа да го обезбедат Kawasaki Ninja H2 моделот ова година сигурно ќе бидат задоволни од оваа информација. Јапонскиот производител повторно ќе ги пушти во продажба во 2018 година. Бидете подготвени бидејќи и овој пат тие ќе бидат во лимитиран број.

Оние кои немаа среќа да го обезбедат Kawasaki Ninja H2 моделот ова година сигурно ќе бидат задоволни од оваа информација. Јапонскиот производител повторно ќе ги пушти во продажба во 2018 година. Бидете подготвени бидејќи и овој пат тие ќе бидат во лимитиран број.

kawasaki 2016 14

Ninja H2R 2018 ни доаѓа директно од развојниот тим на инжинерите на Kawasaki и нуди одлични перформанси без ограничувањата на уличната или тркачката хомологација. Овој модел веќе предизвика големо внимание во светот на мотоциклите. Во јуни 2015 година, Џејмс Хилер настапи со овој мотоцикл и успеа да го урне рекордот за најголема брзина постигната со мотоцикл на трката Isle of Man. Следната година во јуни, Кенан Софуоглу успеа да постигне брзина од 400 километри на час. Мотоциклот имаше специјални Pirelli пневматици за да го издржат притисокот, а возачот носеше специјално дизајниран костум.

Сега Kawasaki се одлучи да им даде уште една можност на љубителите на мотоцикли да го набават овој модел. Но за да направите нарачка мора претходно да се регистрирате и да уплатите депозит кај вашиот локален застапник на Кавасаки стартувајќи од 1-ви септември 2017 година па се до 30ти ноември.

Немојте да заборавите дека колку побргу ја направите резервацијата толку поголеми ви се шансите да го добиете мотоциклот.

Од компанијата најавија и дека развиваат уште една серија на улични Ninja H2 модели за 2018 година.  Па затоа ако не ви се допаѓа H2R верзијата или пак се заситите од неа, стандардниот модел нуди слични перформанси со таа разлика што ќе можете без никаков проблем да го возите и на улица.

Ако и тоа не е доволно, тогаш можете да поднесете нарачка за екстремно лимитираната верзија Ninja H2 Carbon која се базира на стандардниот модел, со таа разлика што речиси сите негови делови се направени од јаглеродни влакна.

Процедурата за набавка на 2018 Kawasaki Ninja H2 или пак за карбон верзијата е иста како и за H2R. Би ви препорачал да го направите тоа што е можно поскоро бидејќи нивниот број е ограничен.

Back To Top