Мотоцикли

Kawasaki Z H2 ќе биде дел од мото шоуто во Токио

2020 Kawasaki Z H2, Supercharged моделот на Јапонската компанија ќе биде преставен на 23-ти октомври.

Следете нè на:

 

2020 Kawasaki Z H2, Supercharged моделот на Јапонската компанија ќе биде преставен на 23-ти октомври.

После неколку недели најава, Kawasaki конечно објави кој „Supercharged“ модел ќе има премиера на мото шоуто во Токио. Станува збор за Kawasaki Z H2.

Компанијата веќе подолг период најавува дека наскоро дел од фамилијата ќе стане уште еден мотоцикл од линијата Z. Во игра беа неколку опции.

Минатата недела листата беше скратена кога во јавноста се појави ново видео кое откри повеќе детали. Можевме да видиме повеќе работи кои се слични со оние кои ги има кај моделите од H2 линијата.

Сега Kawasaki и официјално го објави името и на која дата ќе биде преставен мотоциклот, 23-ти октомври. Датумот се совпаѓа со стартот на мото шоуто во Токио.

„23-ти октомври ќе биде историски ден за Kawasaki Z фамилијата“, се наведува во соопштението на компанијата.

Што можеме да очекуваме од Kawasaki Z H2?

Типично за компанијата, освен промотивното видео, во моментов немаме премногу информации. Засега единствено се знае дека Z1000 ќе биде лидер на компанијата во „Supernaked“ линијата со неговите 142 коњски сили.

Она што веднаш може да се забележи е агресивниот изглед кој Kawasaki постепено го применува кај речиси сите модели кои се дел од оваа линија. Сепак, најверојатно тој има малку подобри перформанси во согласност со H2 стилот.

Иако додека не ги видиме официјалните податоци нема да можеме да потврдиме, но најверојатно, Kawasaki Z H2 ќе биде главен конкурент на Ducati Streetfighter V4. Тој ќе биде преставен истиот ден за време на светската премиера на Ducati.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Завршија претсезонските тестови. Дали Алеш Еспаргаро и Aprilia RS-GP би можеле да изненадат на стартот од новата сезона?

Марк Маркез признава дека бил целосно изгубен во пресрет на последниот ден од тестовите во Катар. Сепак, вели дека тимот направил чекор наред со тоа што искомбинирал нови и стари делови, вклучувајќи и еден кој бил дел од машината на Такааки Накагами.

Џонатан Реа на Кавасаки беше најбрз на вториот и последен ден од пред сезонскиот Супербајк тест на патеката Филип Ајленд во Австралија.

Табела со комбинирани времиња од тродневниот тест на патеката Лосаил во Катар.

Маверик Вињалес забележа најдобро време на третиот и последен ден од официјалниот МотоГП тест во Катар.

Топрак Разгатлиоглу постигна најдобар резултат на првиот ден од тестовите на Филип Ајленд. Зад него се најдоа Том Сајкс и Лорис Баз.

Реклами

Листа на мото настани

  • 14 Март 2020 - 14 Март 2020
  • Beertija Pub
  • Frederik Shopen 4, 1000 Skopje

  • 28 Март 2020 - 28 Март 2020
  • Bad Boys Bar
  • Кочани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.