Мотоцикли

Кинезите започнуваат со производство на големи мотоцикли

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Следете нè на:

 

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Овој дизајн кој потекнува од матичната фирма на Beneli, Qianjiang, во Кина ќе се најде под брендот Qjiang. Тој ни покажува како ќе изгледаат најголемите мотоцикли.

Benelli QJ1200GS

Во случај да не ви се јасни светлата и сирените кои може да се видат на овој дизајн, треба  да знаете дека иницијално тој ќе се продава како полициски мотоцикл. Тоа е вообичаена практика во Кина, каде што властите секогаш имаат право први да ја испробаат најновата технологија. Но истиот мотоцикл подоцна ќе стане достапен и за пошироката публика. Исто така, тој треба да стане и основата за следната генерација на врвни Benelli мотоцикли.

Следејќи ги останатите слични мотоцикли  кои потекнуваат од кинески компании како што е CF Moto, Qjiang има чисти линии кои лесно би можете да настанат од некоја компанија која потекнува од  Јапонија или Европа.

Моторот има комплетно нов дизајн, а највпечатлива е трансмисијата (кардан) заедно со моно задната вилушка.

Рамката на мотоциклот е челична, а од двете страни има штитници. Покрај тоа, има превртена предна вилушка, радијални сопирачки и дисплеј. Со сета оваа технологија, овој мотоцикл речиси е изедначен со неговите поетаблирани ривали.

Benelli QJ1200GS1

Иако се уште не се знае што се ќе содржи овој мотоцикл, доколку ја погледнеме контролната табла ќе забележиме голем број на копчиња што ни сугерира дека овој мотоцикл ќе ја има целата опрема што може да се најде и кај другите вакви машини.

Првите луѓе на Qianjiang веќе потврдија дека ќе има нова линија на Benelli мотоцикли кои ќе имаат зафатнина од 1200cc. Најверојатно, овој мотоцикл ќе биде предводник на брендот на меѓународниот пазар. На почетокот на годината ви откривме два други модели на Beneli, едниот модел кој има 750cc и „parallel twin“ мотор и уште еден, три цилиндричен мотоцикл со зафатнина од 900cc.

Би можело да ве интересира

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.