Ви претставивме фотографии од новиот концепт скутер Honda City Adventure, кој беше претставен во ноември на саемот ECIMA во Милано.

Honda City Adventure за прва пат го видовме на саемот „EICMA“ во Милано, тогаш одговорните лица на Honda не кажаа каква ќе биде иднината на овој производ, но според последните информации, овој скутер ќе се најде во производство.

11057261 10153682022800330 6494634897879737637 o

Оваа вест се појави на неодамнешното мото шоу во главниот град на Франција, Париз. Од преставништвото на Honda во Франција, изјавија дека производството на овој скутер ќе започне во 2017 година.   

Тоа значи дека, со малку среќа, ќе го видиме овој мотоцикл за една година од сега.

12248014 10153682022750330 4970750086641002069 o

Како и во други слични сценарија, никој не очекува конечната верзија на скутерот да изгледа како концептот.  Фабрис Рекок од преставништвото на Honda во Франција ја потврди веста и изјави дека конечната верзија на овој мотоцикл ќе биде различна, но исто така ќе биде и многу напредна машина.

Honda официјално изјави дека пневматиците нема да бидат толку агресивни како кај концептот што беше прикажан на шоуто и дека кочионите клипови најверојатно нема да бидат произведени од Nissin.

12244822 10153682022695330 5804464127308290536 o

Засега нема објавено никакви други детали во однос на техничките спецификации, но според реакциите на луѓето, City Adventure нема да помине незабележан. Ако Honda успее да ги задржи и оф-роуд атрибутите, тогаш оваа машина може да постигне голем комерцијален успех.

Погледнете ги фотографиите од концептот Honda City Adventure.  Овој мотоцикл или ќе ви се допадне или нема. На нас тука ни се допаѓа особено поради неговиот оф-роуд потенцијал. 

12232881 10153682023215330 4368964529981595826 o

Back To Top