Мотоцикли

KTM 1290 Super Adventure ќе има нова технологија

KTM 1290 Super Adventure ќе биде технолошко чудо.

Следете нè на:

 

KTM 1290 Super Adventure ќе биде технолошко чудо.

KTM 1290 Super Adventure ќе биде технолошко чудо и е на пат да стане првиот мотоцикл во светот кој ќе има радар.

На интернет се појавија неколку фотографии од овој мотоцикл а од нив можеме да видиме дека не само што овој мотоцикл веднаш ќе се најде на врвот во својот сегмент, туку и дека долго време ќе остане таму.

Новата 1290 Авантуристичка линија на КТМ најверојатно ќе го има актуелниот мотор кој има капацитет од 1301cc.

А бидејќи наскоро ќе стапи на сила Euro5 регулацијата, компанијата мораше да направи одредени промени. Токму поради оваа причина мотоциклот има поголем издув како и нов, поделен, систем за радијаторите. Сигурни сме дека КТМ ќе сака да ја задржи истата моќност на моторот.

Очекуваме мотоциклот да има најнова електроника, ABS, контрола на тракцијата како и неколку режими на возење. Од фотографијата не може да се забележи добро но веруваме дека ќе има и нов TFT дисплеј.

Кога во минатото КТМ се обидувал да ја стави сета оваа моќност во стара шасија, крајните резултати не биле секогаш добри. Но, се чини дека компанијата направи промени кај новиот модел. Малку е променета главната рамка а мотоциклот сега има алуминиумска подрамка како и нова задна вилушка.

Сите овие промени сигурно ќе му дадат дополнителна цврстина на мотоциклот но исто така се очекува и да ја намалат тежината. Промени има и кај резервоарот за гориво.

KTM 1290 Super Adventure txt 29 08

Напред се наоѓа радарот а од КТМ веќе соопштија дека работат на овој систем кој ќе има за цел да го забави движењето на мотоциклот и да го изедначи со превозните средства кои се пред него. Ова не е нешто ново, но прв пат ќе се најде кај продукциска машина.

Очекуваме мотоциклот да биде преставен на мото шоуто во Милано во ноември оваа година.

KTM 1290 Super Adventure

Моќност: Моторот најверојатно ќе го има истиот капацитет но очекуваме да има нешто повеќе коњски сили, најверојатна бројка е 165bhp.

Шасија: Новата рамка, подрамка и вилушка треба да ја намалат тежината на мотоциклот.

Амортизери: Новата шасија значи и нова суспензија. Најверојатно ќе биде полуактивната WP но со нови сетинзи.

Изглед: Дизајнерите добија инспирација од успешните Дакар мотоцикли на компанијата.

Радар: Оваа технологија би требало да биде најнова, освен доколку Ducati не ги претрка и таа да се појави на новиот Multistrada.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Сите знаевме дека ќе дојде време кога Ducati ќе креира „Superleggera“ верзија на Panigale V4.

Неизвесен настапот на Марк Маркез на првиот MotoGP тест. Актуелниот шампион се уште се опоравува по операцијата на рамото.

Скот Рединг вели дека титулата во BSB шампионатот му ја вратила страста за тркањето и дека сега сака да има одличен настап во Супербајк серијата.

Возачот на Aprilia MotoGP, Андреа Ианоне, кој се уште ја чека конечната одлука откако падна на допинг тестот, вели дека мотоциклизмот е неговиот живот.

Гигантот во производство на облека, Alpinestars, го претстави Tech-Air 5, елек кој има воздушно перниче и кој може да се носи под секоја јакна.

„Со нетрпение чекаме да видиме како ќе се покаже гумата. Очекуваме да се урнат неколку рекорди“, Пиеро Тарамасо, менаџер во Michelin Motorsport.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.