Првиот пат кога го видовме прототипот на 1290 Super Duke R во 2012 година, знаевме дека ќе биде уникатен примерок.

Во 2014, KTM му го претстави на светот прекрасниот 1290 Super Duke R.  За 2016 година, Австриската компанија ја најавави Гран Туризмо верзијата на дво-цилиндричниот уличен мотоцикл, притоа подобрувајќи го Super Duke со практични додатоци и импресивна колекција на електронски безбедносни уреди.

Првиот пат кога го видовме прототипот на 1290 Super Duke R во 2012 година, знаевме дека ќе биде уникатен примерок. Две години подоцна, KTM ни го потврди тоа. Сериската верзија на овој мотоцикл ги исполни нашите очекувања. Ако имаше една слаба точка на овој мотоцикл тоа беше неговата слаба подготвеност за долги патувања. KTM одлучно го реши тоа прашање со 1290 Super Duke GT, кој официјално беше претставен на саемот ECIMA во 2015.

ktm 2016 9

Производителите кои се заинтересирани да развијат спортски - туринг верзии од нивните спортски мотоцикли, обично преземаат големи чекори за да ја намалат нивната моќност. За компанијата чие мото е „Подготвени за тркање“, тоа нема да биде проблем. Моделот GT не е само едноставно направен врз основа на неговиот брат од R верзијата. Тој е опремен со LC8 мотор.

Максималните перформанси се комплетно исти, 173hp при 144Nm. Во позадината на овие броеви, извршена е значителна работа за да се прилагоди оваа  V-twin моќна машина (75 степени) за својата нова цел. Максималната сила сега се постигнува многу повисоко во скалата на бројот на вртежи: 9500rpm (8865 кај R верзијата). Забрзувањето оди до максимум при 6750 вртежи во минута, што е за 1000rpm помалку отколку кај R верзијата. Во теорија, тоа звучи како генијален план: издолжи ја моќта за да биде повеќе линеарна и намали го максималниот број на вртежи за да се постигне помала потрошувачка на гориво. Сигурно ова било интересна задача за инжињерите. Мораме да напоменеме дека KTM го постигна ова без да го промени преносот на моторот.

ktm 1290 super duke gt 4

GP моделот содржи голем дел од работите што ги има кај R верзијата, вклучувајќи ги рамката и сопирачките.  Едно важно подобрување се однесува на суспензијата. KTM го користеше полуактивниот систем на WP, кој користи електронска контролна единица за да ја прилагоди амортизацијата во реално време со цел да обезбеди оптимални перформанси.  Системот е многу сличен со оној кој се користи кај 1290 Super Adventure, и нуди можност да се избере меѓу три профили (удобна, улична и спортска). Го нема Ендуро прилагодувањето кое тука би било бескорисно. Тркалата воопшто не се променети и ги имаат истите вредности како и Super Duke R.

ktm 2016 18

Уште еден електронски пакет кој го има кај Super Duke GT е контролата на стабилноста во кој се вклучени прилагодливи ABS сопирачки и контрола на тракцијата. И двете може да се прилагодат колку сакате да ги користите но исто така може и да се исклучат доколку го сака тоа возачот. Кај GT моделот исто така има и контрола на патувањето, следење на притисокот на гумите и странични LED светла. Исто така има и додатоци како што се Hill Hold Control и Motor Slip Regulation. Втората опција го спречува предното тркало да ја изгуби тракцијата.

ktm 1290 super duke gt 6

Исто така многу работа е вложено и во удобноста. Сега возачот е заштитен и може да ги издржи долгите патувања кои се овозможени со помош на поголемиот, 23 литарски резервоар. И задниот дел е исто така подолг.  Овој мотоцикл ќе се нуди во две бои, сива и портокалова. Засега се уште не се знае неговата цена, но можеме да се обложиме дека нема да биде евтин.

Еве го официјалното промотивно видео:

Back To Top