Веќе знаеме дека можеме да ја очекуваме конечната верзија на КТМ 790 Duke на мотошоуто EICMA кое ќе се оддржи во Милано оваа година, па затоа не треба да бидеме изненадени од информацијата дека моделот веќе имал неколку тестови на улиците.

ktm 790 duke spy photo

На сликите лесно може да се забележи „Parallel twin“ моторот, а исто така и многу од линиите кои ги има кај прототипот се идентични. Сепак, разлики има кај задниот дел од мотоциклот, поинаков е издувниот вентил како и предните светла.

Фаровите очигледно потекнуваат од новиот дизајн на КТМ и слични се со оние кои веќе ги имаме видено кај неколку линии на Duke, особено „Super Duke“ и „Adventure.“

SB2 7632 1

Поголемо изненадување е задниот дел од мотоциклот. Ги нема острите линии кои ги имаше во првичниот нацрт заедно со прекрасниот издув. Наместо тоа, сега имаме нешто што наликува како да припаѓа на „Sport-Tourer“.

Ваквата промена сигурно ќе претставува разочарување за многу возачи. Иако дизајнот изгледа интересно и спремно за производство, сепак ќе мораме да почекаме да видиме како ќе изгледа конечната верзија која ќе биде прикажана на EICMA.

Исто така треба ќе треба да почекаме и за да ги дознаеме техничките спецификации за овој модел кои пак би можеле да го направат многу интересен.

SB2 7575 1

Back To Top