Тајванската компанија Kymco која е најпозната по производството на скутери, како што може да се види на цртежите, се чини дека е подготвена да го прошири производството и да почне да создава мотоцикли. Дали обликот ви е познат?

Тајванската компанија Kymco која е најпозната по производството на скутери, како што може да се види на цртежите, се чини дека е подготвена да го прошири производството и да почне да создава мотоцикли. Дали обликот ви е познат?

На прв поглед ќе си помислите дека тоа е само уште еден ефтин мотоцикл кој е произведен во Тајван и кој е наменет за Азискиот пазар, но ако погледнете подобро ќе видите многу познати работи. Ако прво нешто на кое си помислите е Kawasaki ER6-N, тогаш сте во право, бидејќи речиси целиот долен дел е позајмен од тој модел.

kymco building kawasaki er6 n based naked bike 1

Моторот кој го користат е идентичен со 650 cc parallel-twin агрегат кој го има ER6, а исто така ги има и истите 71 коњски сили на 8,500 rpm и 64 Nm вртежи во минута на 7000. Покрај моторот, исти се и издувот, задната вилушка и задната суспензија.

Всушност, единственото нешто што е различно е горниот дел од рамката, сопирачките, шарата и предната суспензија.

Патентите за мотоциклот се поднесени во Европа што значи дека овој мотоцикл би можел да се продава на Европскиот пазар. Тоа значи и дека мотоциклот ќе биде во согласност со Euro 4 стандардот и ќе се нуди со стандардниот Antilock систем за сопирање.

Се уште не познато кое ќе биде неговото име ниту пак кога ќе се најде на пазарот. Во однос на прашањето, зошто на Европа би и требал уште еден ER6, одговорот би бил дека тој ќе биде значително поевтин од моделот на Kawasaki.

Двете компании се познати по нивната соработка што резултираше со два нови Kawasaki скутери, J300 и J125. И двата модели се базирани на скутерите на Kymco: 300i и 125i.

Back To Top