Мотоцикли

Lightning Motorcycles сакаат да произведат мотоцикл кој ќе може да помине 650 километри со едно полнење

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motorcycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Следете нè на:

 

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motorcycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

lightning motorcycles wants to make 400 mile range electric bike 117946 1

Проблемот со денешните електрични мотоцикли е фактот дека ако сакаш да ги направиш достапни за сите, тогаш не можеш да ставиш CHAdeMO или CCS систем. Тоа го лимитира бројот на километри кои можете да ги поминете со едно полнење.

Тука на сцена стапува Lightning Motorcycles. Компанијата планира да произведе батерии кои ќе бидат подобри, кои ќе имаат подолготрајна употреба и со кои ќе можете да поминете повеќе 320 милји колку што во моментов е просекот кај батериите на мотоциклите.

Компанијата која склучи договор за партнерство со „Battery Innovation Center“ сега има за цел да произведе мотоцикл кој ќе може со едно полнење да ја помине релацијата од Лос Анџелес до Сан Франциско.

„Ги следиме чекорите на Тесла,“ изјави Извршниот директор на компанијата, Ричард Хатфилд. „Поминувањето на таа дестинација со едно полнење ќе значи дека издржливоста на батеријата повеќе нема да претставува проблем.“

Лоцирана во Сан Карлос, Калифорнија, Lightning Motorcycles започнаа со работа пред речиси десет години со Yamaha R1 кој го прилагодија да работи на електрична енергија. Во 2012 година, Мајкл Барнс победи во FIM ePower серијата која се оддржа во Лагуна Сека со Barracuda Lightning. Во 2013 година, Карлин Дун со LS-218  победи на Pikes Peak.

Би можело да ве интересира

Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.

Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.

Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.