Мотоцикли

Moto Morini - златниот орел повторно храбро лета

Понудата на, во моментов, најголемиот салон за продажба на мотори во нашата држава, Dynamix од минатаат недела беше збогатена за уште еден бренд - Moto Morini. 

moto morini dynamix mk

Постарите моторџии се сеќаваат на брендот, дури и се сеќаваат на моделите кои уживале сериозна репутација особено меѓу спортски ориентираната публика. Овој италијански бренд ја живее својата најнова реинкарнација која започна некаде од 2018 година. Рецептот е познат, италинаски бренд со богата историја, дизајн студио лоцирано, се разбира вои Италија а производство во Кина. 

Историјата на Moto Morini започнува во 1937 

Историјата на Moto Morini може да се подели на две големи епохи, едната е италијанската која започнува во 1937 година а другата започнува неодамна односно во 2018 година кога компанијата е купена од кинескиот гигант Zhongneng Vehicle Group.

MM Storia 01 7527753a

Алфонсо Морини, познат тркач, механичар и дизајнер од Италија после 15 години работа во партнерство со Марио Мацети одлучува есента 1937 година да направи своја компанија за производство на мотори во Болоња. На почетокот произведувале возила со три тркала, за подоцна во 1946 година да започнат со производство на мотори.

Следува долга и богата историја на производство на мотори кои се натпреварувале во главните брзински натпревари со бројни успеси. Во 1965 започнуваат и да извезуваат мотори во Америка.

MM storia Corsarino 01 cfadcaec

Во втората половина на осумдесетите на минатиот век компанијата ја купува Cagiva која потоа е купена од страна на Ducati. Набрзо по оваа транзиција Ducati го затвора производството и го сели во својата фабрика.

Во 1999 година внукот на Алфонсо Морини, Франко го откупува брендот од Ducati за повторно да започне со производство во 2005 година. До 2007 ја збогатуваат понудата и покрај Corsaro Veloce 1200, во понудата доаѓаат и Scrambler 1200 и Granpasso 1200.

MM storia Corsaro 125 01 702c77e5

Нова драма следи во 2013 година кога по бакрот компанијата добива нова управувачка структура и се сели во околината на Милано.

Во 2018 Zhongneng Vehicle Group кинескиот гигант кој произведува мотори со помала зафатнина комплетно ја купува компанијата и поставува нова стратешка цел да го зајакне брендот и да му ја врати препознатливоста која некогаш ја имал, да воведе нови модерни мотори во понудата и да ја зајакне глобалната поддршка и присуство.

Moto Morini модели

Првото официјално деби брендот го има во 2019 година на EICMA каде ги претставува своите планови за иднината. Во моментов во понудата на Moto Marini може да се најдат три различни модели со вкупно 5 изведби. Достапни се авантурецот X-CAPE, големиот нејкид Carsaro во две изведби ZZ и ZT и модерните класичари Milano и Super Scrambler.

262500551 112287951284517 2923457636350116544 n

Во најава се и два нејкид модели со име SEIEMMEZZO, но и порај деталите кои се објавени, моторите уште не се достапни во понудата.

Moto Morini X-CAPE

Моделот кој, се чини, најмногу привлекува интерес, барем сега за сега, е претставникот на средна класа подготвена за пат и авантура - X-CAPE

Во пазарен сегмент во кој битката станува се поразгорена и каде доминираат BMW, Yamaha, КTM и од минатата година и Aprilia со својот Tuareg, сепак голем замав земаат и поефтините модели чии главни адути покрај цената се и солидната изработка и издрживоста.

Moto Morini Dynamix

И понискиот сегмент во оваа класа не е за потценување, тука изминативе години добро се позициниораше Benelli, а доправа на пазарот го очекуваме и CFMOTO MT 800.

Изминатиов викенд благодарение на Dynamix имавме шанси да го возиме Moto Morini X-Cape 650. Едно е сигурно, овој модел дефинитивно не смее да се игнорира. Станува збор за способен, практичен и задоволувачки мотор кој може да се пофали со својат алиста на спецификации но очекувано не е богат со електроника. За придвижување на овој малку потежок модел (213kg, без течности) е задолжен агрегат со зафатнина од 649 кубни сантиметри со 60КС и моќност од 56 Nm кои се постигнуваат на високи 8250 вртежи во минута. 

Целосното наше искуство од возењето ќе ги пренесеме во текот на неделата во посебен текст и видео, но она што вреди дополнително да се истакне од листата на технички спецификации сe BOSCH системот за електронско вбризгување на гориво, BOSCH ABS системот кој може да се исклучи, Brembo кочници и тоа напред со два клипа поставени на два диска до пречник од 298 милиментри и назад два клипа поставени на единечен 255 милиметарски диск како и Marzocci предната вилушка и задниот амортизер на KYB. 

Вреден за спонување е и големиот 7 инчен TFT екран во боја кој може да биде со светла и темна позадина за поголем контраст навечер. X-CAPЕ доаѓа со сериски  блутут за поврзување на телефон и два мода за возење, road и off-road.   

Првите наши импресии од возењето се позитивни, особено ако се земе предвид дека основната цена на моделот кој го возевме кај нас е 7.890 евра

Повеќе детали, позитивни и негативни работи од Moto Morini X-CAPE очекувајте за неколку дена. Дотогаш, ако размислувате за нов мотор во оваа класа и ценовна категорија, појдете до Dynamix. 

Би можело да ве интересира

По долгата пауза најголемиот циркуз на 2 тркала се врати во Британија, со одлични трки во трите класи.

Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.

Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција. 

Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.

Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.

Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија. 

Листа на мото настани

Мото клубот No Limit поканува на мото собир на 20 август во Маврово. 

  • 20 Август 2022 - 20 Август 2022
  • Ратрак Маврово

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.